Отслужена Божествена Литургија на врвот Голем Крчин (2341 м. надморска височина)
Таворската светлина од славното Преображение Христово денес со посебен сјај заблеска на врвот Голем Крчин, каде се случи еден навистина несекојдневен и преблагодатен настан. Таму, на самиот срт, на висина од 2341 метри, со благослов на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, беше отслужена Света Златоустова Литургија, во непосредна близина на остатоците од некогашниот храм посветен на Преображението Господово.