Скопје- Свештеници на МПЦ секојдневно чистат поплавени куќи
Неколку свештеници на Македонската Православна Црква, како и ѓакони и верници изминативе три дена активно се вклучени во расчистувањето на поплавените куќи, низ населбите во Скопје кои беа зафатени од поплавите.
Вклучени се повеќемина свештеници од Повардарската, Преспанско-Пелагониската, Скопската и Брегалничката Епархија, како и теолози од Богословскиот факултет во Скопје.
Верниот народ сведочи дека во храмовите се собира хуманитарна помош, која се транспортираа до погодените подрачја. Се донира храна, вода, облека, средства за хигиена, алат за работа и сл.
Извор: Бигорски манастир