На 19.08.2016 година, денот во кој Црквата го прославува Преображението на Господ Исус Христос, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во соборната црква Свети Климент Охридски. По завршетокот на евхаристискиот собор, а во согласност со многувековното богослужбено предание на нашата Црква, Архиепископот го благослови принесениот гроздов плод.
Извор: Скопска епархија