Георгиј Мандзаридис ✤✣✤ Љубовта
Љубовта кон ближниот: Втората голема заповед која Господ ја нарекува слична на првата, е заповедта за љубовта кон ближниот. Христијанинот е повикан да го возљуби ближниот „како себеси“. На психолошко ниво, тоа значи тој да го возљуби својот ближен како што се љуби себеси. Полнотата на христијанската љубов, сепак, се открива не на психолошко, туку на онтолошко ниво.