Скопје, 31-ви јануари 2017 год.- храм на св.вмч. Георгиј
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски, Свети Кирил Александриски
Тропар, глас4.
Боже на нашите татковци, Кој секогаш постапуваш со нас според Твојата кроткост, Твојата милост од нас не одземај ја, но со нивните молитви нашиот ѓивот во мир упати го.
На 31- ви јануари 2017 година, во триесет и втората недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски, Свети Кирил Александриски, во манастирската црква на св.вмл. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје, јеромонахот Атанасиј Арсоски во сослужение на свештеникот Гаврил Најдовски и ѓаконот Александар Најдовски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
ВИДЕО
’Ете какви се страстите. Додека се мали, ако сакаме, можеме со леснотија да ги пресечеме. Но занемарени, стануваат силни. И што повеќе јакнат толку поголем напор бараат за да бидат совладани. А доколку пораснат премногу, ни со напор нема да можеме да ги отсечеме, ако не добиеме помош од некои од светителите што нe застапуваат пред Бога’."
Преминпортал (к.т)