логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

01.jpg

Првата Литургија на новото пречистанско сестринство18 / 31 јануари 2017 лето Господово

02.jpg

03.jpg

Кога, според благословот на Богородица, се исполни времето, во навечерието на празникот посветен на Св. Антониј Велики, богоизбраното Пречистанско сестринство символично од рацете на овој славен татко на монаштвото го прими „клучот“ на новото послушание, кое ги упати на монашки подвиг во Обителта на Богомајката Пречиста, устроена во планинските предели над Кичево. Така започна новиот монашки подвиг на пречистанските сестри, а секој благословен почеток бива крунисан со божествена Литургија. И токму затоа дел од братството и сестринството на Бигорската свештена Обител се собраа во прегратките на овој Богородичен манастир, за тука да ги соединат своите молитви во топла прозба кон Бога, за Он да го поткрепи со благодатни сили новото сестринство кое пожртвувано се стави во служба кон Мајката Божја и народот што таа толку усрдно го застапува. Сакајќи да им покаже дека во Небесната Владичица треба да ја гледаат својата Патеводителка, браќата и сестрите заедно со нивниот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, им подарија на сестрите прекрасна претстава од оваа чудотворна икона, која од сега па натаму ќе го украсува третиот трон во велелепниот храм. Но, всушност најубав подарок за пречистанските сестри и за сите присутни на светата Божествена Литургија беа топлите татковски наставленија на нашиот Старец, со кои тој ги поучи своите чеда и го благослови нивното ново место на подвиг:

04.jpg

05.jpg

„Мили мои, некако спонтано, но според чудесната и неискажлива Божја промисла, се случи токму на овој ден кога се слави Св. Атанасиј Велики да ја отслужиме првата света Литургија со новото Пречистанско сестринство. Светите Отци богомудро предвиделе на овој празник да се чита евангелското зачало: „Вие сте светлината на светот...“ Тогаш Господ им се обратил на Апостолите, но тоа важи и за сите нас, кои сме Христијани, потсетувајќи нѐ на таа голема одговорност: да бидеме светлина. Зашто Он Самиот е Светлина, па така и сите што ќе поверуваат во Него треба да бидат светлина. И како што ѕвездите ја подражаваат светлината на сонцето, така и ние луѓето треба да Го подражаваме Сонцето на правдата, Христос нашиот Господ, Кој е Светлина непристапна, Кој е неискажлив, неиспитлив, недостижен. По Неговата голема милост, ние се причестуваме со Него, ја примаме божествената благодат, божествените енергии, и така и самите стануваме светлина. Токму затоа Он нѐ потсетува на таа голема одговорност, не за да се гордееме пред другите дека со самото тоа што сме Христијани ние сме светлина на светот, туку преку подвиг да ја стекнуваме таа светлина, сепредано трудејќи се да одговориме на Божјиот призив да бидеме совршени во љубовта и милосрдието, како нашиот Отец Небесен. Само така ќе засветлиме и ќе станеме пример за другите. Затоа, на крајот од денешното Евангелие се вели: „А оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“ (Матеј 5,19). Значи најпрвин е потребно да го исполниме светото Евангелие, а дури потоа да зборуваме за него.

 07.jpg

08.jpg
Да се помолиме и за сестрите кои тука ќе се подвизуваат, Господ да им дава сила, да истраат во  сите искушенија, да се подвизуваат со добар подвиг, патот да го изодат, верата докрај да ја сочуваат и добар одговор пред Страшниот Христов Суд да дадат. Да засветлат со својот подвиг пред народот, онака како што при полагањето завет се благословени од оној што ги монаши, давајќи им  ја свеќата во рацете и велејќи им: „Така да се светли вашата светлост пред луѓето, да ги видат вашите добри дела во слава на вашиот Отец Кој е на небесата“ (Матеј 5,16). Голема е одговорноста што Господ и Неговата Пресвета Мајка ја ставаат пред ова ново сестринство, бидејќи овој манастир е голема светиња која низ историјата многу допринела за духовно издигнување на нашиот народ. Во времето кога бев ученик и за прв пат го посетив ова место, се восхитив од убавината на овој огромен храм. И на секое мое доаѓање одново се восхитувам на оваа прекрасна архитектура и во срцето им се поклонувам на нашите предци кои биле толку силни во верата, што изградиле ваков храм. Тие навистина се труделе да бидат светлина. Гледајте какво светилиште направиле на врв планина! Со тоа, всушност, сакале да ја покажат својата внатрешна вера: дека Христос треба да го зазема највозвишеното место. Тие најнапред Христос Го поставиле највисоко во своите животи, а потоа и храмот го изградиле на највисоко, за сите да го гледаат. И навистина, овој манастир, овој храм се гледа отсекаде. Колку јасно се гледа од Кичево! Се гледа дури и од патот што води кон Битола. Како некое светило што не може да се сокрие на врв планина, тој и денес сведочи за силната вера на нашите предци. Оти, во Евангелието се вели: „Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи“(Матеј 5,14-15). Но, манастирот ни е и потсетник дека подобно на нашите предци и ние треба да бидеме светлина. Дај Боже да го подражаваме нивниот пример, односно нашето срце да го претвориме во храм Божји, онака како што сака Господ, Кој нѐ повикува сите да бидеме храмови Божји. И дај Боже целиот наш народ да стане еден Божји храм, една Црква Божја!“

 10.jpg

 11.jpg

 14.jpg

15.jpg

16.jpg

 17.jpg

18.jpg

19.jpg

21.jpg

Извор: Бигорски манастир

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

31/01/2026 - сабота

+Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески  1 февруари/ 19 јануари  2026

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески 1 февруари/ 19 јануари 2026

Храброста твоја Марко свети исповедниче,смелост пред Бога измоли,да посведочиш дека единствена вистина, е самата Вистина подарена, на твојата душа Богољубива.Силен факел...

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная