логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

paisij

– На Света Гора Вие сте се сретнале со многу, денес, познати и почитувани старци. Споделете некои искуства од комуникацијата со нив.

Тоа не е лесна задача – да опишеш свет човек. Можеби е возможно да опишеш “несвет светец“, но тоа беа големи светители – тешко е. Притоа, тие беа многу мали, бидејќи беа многу смирени, природни луѓе. Со нив чувствуваш голема радост. Не те ослепуваат со својата светост, тие едноставно те зграпчуваат со топлината на љубовта.

Не појдов да се простам со отец Пајсиј пред неговата смрт, бидејќи не верував дека ќе умре – мислев, тој човек никогаш нема да умре.

Како да зборувам за искуствата и комуникацијата со тие старци? Ако некој ми беше расказувал за сè она, што го видов, и ако не бев го видел со своите очи, никогаш не би поверувал, за ништо на светот. И до денес си го поставувам прашањето: „Вистина ли е тоа, кое го видов со своите очи?“  Им се восхитувам на оние луѓе кои веруваат во тоа, бидејќи тоа се такви неверојатни работи кои може да ги прави само Бог.

– Расказите за старец Пајсиј, за другите светогорски старци, со кои сте се сретнувале, тоа можеби е една од најсилните проповеди, кои современиот човек ги очекува.

На Света Гора имавме благослов од Бога да живееме заедно со многу руски монаси, со кои имавме многу добри односи. Меѓу нив, имаше и големи подвижници и современи стетители, како на пример преподобниот Силуан Атонски и старец Софрониј од Есекс.

Самиот старец Пајсиј беше голем аскет. Си мислев, дека човек не може да живее така, како што живееше тој. Кон себе, тој, немаше никаква милост, никакво снисходење. Практично не спиеше секоја ноќ. Самиот си наложил такво послушание – од залезот до изгревот (на сонцето) се молеше сам во својата ќелија. Одмараше само по час или два по изгревањето (на сонцето). Во последните години го посетуваше огромно мноштво на луѓе, по цел ден комуницираше со нив, а целата ноќ не спиеше, се молеше.

Ќе ви раскажам за нешто кое го видов со воите очи, кога бев вратар во манастирот. Старецот замина во Синајската обител на три месеци. А во манастирот, дошла група на студенти, грко-американци, од Бостон, околу 25  души. Ги прашав од каде идат. Ми одговорија: „Од кај старец Пајсиј.“ Им велам: „Но него го нема тука.“ – „Не, не, тој е тука.“ – „Но тој замина пред     10-15 дена за Синај!“ – „Не, не. Ние бевме кај него, ни ја отвори вратата, поразговара со нас. Секој од нас побеседи лично со него. Ни даде подароци, нè почести со локум, ни го покажа патот за тука. Се збогува со нас и си тргнавме.“ Си помислив се вратил и не сме го виделе. Но тоа беше невозможно, нели треба да влезе во манастирот. Им направив кафе, ги угостив со нешто и побегнав кон ќелијата на старецот. Него го немаше. Сè беше затворено. Тој се врати после два месеци. А, студентите го сретнале! И тоа не само еден човек!
Секој ден гледавме такви работи, зашто се случуваа секојдневно, и за тоа ги воспримавме како нешто обично. И конечно престана да нè интересира, бидејќи светиот човек се разликува не со своите чуда, а со љубовта кон Бога и луѓето – тоа го прави посебен.

Автор : Митрополит  Атанасиj Лимасолски

Извор: http://www.pppe.mk/2017/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%87%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%ba-%d1%81%d0%b5-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%b2%d0%be%d0%b8%d1%82/#more-10668



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2961
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7408
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7229
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/09/2024 - понеделник

Св.Антим Никомидиски; св.мч-ка Василиса

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов свш-мч. Вавил Антиохиски и со него три  деца 4 септември / 17 септември 2024

Тропар на св.Христов свш-мч. Вавил Антиохиски и со него три деца 4 септември / 17 септември 2024

Твоите деца духовни о свети Вавило,Урван, Прилудијан и Еполоние,станаа новонасадени маслини во Господовите градини,

Тропар на св. Христов свештеномаченик Антим Никомидиски 3 септември / 16 септември 2024

Тропар на св. Христов свештеномаченик Антим Никомидиски 3 септември / 16 септември 2024

Радувај се роде човечки, радувај се Никомидио,ете од тебе Бог порасна фиданка, која стократен плод ќе принесе,преку неа врати ќе...

Тропар на св. Христов маченик Мамант 2 септември / 15 септември 2024

Тропар на св. Христов маченик Мамант 2 септември / 15 септември 2024

Блажен си ти Маманте кој тргна по патот Господов,ѕверовите природни ги скроти, а се засолна од луѓе ѕверолики,природата се поврати...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная