Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост
Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога,
заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста,
трезвеноумието и молитвата. Замислете само колкава вредност и
достоинство има ваквиот подвиг во очите на Бога!