логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Uspenie.freska1.jpg

 Акатист на Успението на Пресвета Богородица
Кондак 1
Тебе, избраната од сите родови, избраната Божја Мајка и Царица, Која се искачи од небото до земјата, побожни песни Ти принесуваме, Тебе, ние Твоите слуги за Твоето пречесно Успение, Богородице; Ти која имаш победа над смртта, од сите смртоносни неволји избави нé, за да Ти повикуваме:
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Икос 1
Ангел престател беше испратен да ú рече на Богородица, при Нејзиното надземно вознесение; и најавувајќи го Нејзиното доадање кај Неа на Нејзиниот Син и Бог, светло блескајќи заради Неа, и стоејќи, повикуваше вака:
Радувај се, преблагодатна Мајко на Царот!
Радувај се, небесна Царице, Мајко на Бога и Господа на небото и земјата!

Радувај се, возвеличена од полнотата на Твоето присуство при заминувањето на Синот Твој!
Радувај се, Богоизбрана од сите родови!
Радувај се, свето сместилиште на Словото Божјо!
Радувај се, исполнување на пророчките кажувања!
Радувај се, пречесен венецу на апостолите!
Радувај се, укрепување и сило на царевите!
Радувај се, украсу на светителите и добрино на свештениците!
Радувај се, издигнување на богомудрите монаси кон вишното Царство!
Радувај се, зашто ги отвораш рајските порти за родот христијански, кој секогаш Те ублажува!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 2
Виде апостолскиот хор, како со длабока почит од крајот на земјата до небото, Пренепорочна, пред Твоето пречесно Успение, стојат свештеноначалниците: Дионисиј, небесниот тајник, Јеротеј, прекрасниот и Тимотеј со добар дел од свештенството, пеејќи Му на Бога: Алилуја!
Икос 2
Сето разумно создание и ангелските чинови дојдоа со својот Цар, Кој ја прими во Своите животодавни раце душата на Својата Мајка; Петар, кој имаше горешта вера, со многу солзи повика кон Неа, велејќи: Радувај се, Мајко на Создателот, Која заминуваш кон другиот свет!
Радувај се, зашто си земена од наднебесните и пошироки од небесата пространства!
Радувај се, зашто со Твоето вознесение ги освети четирите стихии!
Радувај се. Зашто со Твоето преминувње ги развесели небесните жители!
Радувај се, зашто беше примена во небесниот и прекрасен Ерусалим!
Радувај се, зашто со радост влегуваш во неракотворните храмови!
Радувај се. Царице на херувимите и серафимите!
Радувај се. Владичице на архангелите!
Радувај се, прибежиште и избавување на верните!
Радувај се.помош и заштито на Твоето наследство!
Радувај се, Застапничке пред Бога за сиот свет христијански!
Радувај се, предобра Дарителке на секакви блага!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

Кондак 3
Силата на Севишниот го грабна Тома од Индија, кој по Божја волја не беше присутен на пречесното Успение на Богомајката, и го постави пред живоприемниот Нејзин гроб, а тој, пак, се наведна очекувајќи да ја види преставената, па откако сфати дека Таа се вознела на небесата со тело, поверува и повика: Алилуја!
Икос 3
Имајќо во себе помисли ученикот, зашто по Божја промисла не беше заедно со другите при погребението на Богомајката, се израдува поради Нејзиното бесмртно Успение, повикувајќи ú вака:
Радувај се, зашто Твојот Син со рацете Те зеде од земјата!
Радувај се, зашто замина во висините за да се насладуваш со Неговата слава!
Радувај се, зашто си придружувана од сите ангелски чинови кон небесата!
Радувај се, зашто си носена од херувимите кон небесата и над небесата!
Радувај се, зашто си опкружена и ублажувана од сите небесни жители!
Радувај се, небо на земјата, возвишувано кон горните населби!
Радувај се, престолу Господов, вознесен од земјата во небесното царство!
Радувај се, наше претстателство и цврсто застапништво!
Радувај се, Посредничке на грешниците за спасение!
Радувај се, Царице на христијаните, и по Бога надеж на небесното царство!
Радувај се, Мајко на животот, и по Господа наша надеж на вечен жив!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 4
Имајжи бура од невернички помисли евреинот Атониј, и гледајќи како апостолите го носат пречесното тело на Богомајката кон гробот, се обиде да го преврти; одеднаш, кога со ослепување на очите, неговите раце беа отсечени и останаа да висат на одарот, со вера Ја исповедаше Мајката Божја, повикувајжи кон Бога: Алилуја!
Икос 4
Ги слушнаа тајниците и очевидците на словото ангелите како пеат небесни химни, при погребението на богоугодното тело на Мајката Божа; и сакајќи да ú оддадат богоугодна чест, побрзаа заедно да ú запеат, велејќи:
Радувај се, зашто прими вест за Твоето преселување во небесното царство!

Радувај се, зашто од архангот Гавриил прими радосна рајска награда!
Радувај се, зашто го просвети пречесното мноштво херувими!
Радувај се, зашто ги израдува серафимите!
Радувај се, зашто беше предизобразена од патријарсите!
Радувај се, зашто беше претскажана од пророците!
Радувај се, зашто злобната дрскост на евреинот брзо ја казни!
Радувај се, зашто на истиот исцеление му подари!
Радувај се, зашто неверувањето на Атониј го претвори во вера!
Радувај се, зашто го прими неговото нелажно исповедање!
Радувај се, зашто кон небото ги возведуваш оние кои имаат љубов и вера кон Тебе!
Радувај се, зашто ги спасуваш оние кои со вера го повикуваат Твоето име!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 5
Богоугодните ѕвезди – светите апостоли, во поднебесното раселување заради Евангелието, беа грабнати на облаци, по небесната шир, за да дојдан на погремението на Мајката Господова. Неа со пеења и песни ја придружуваа и со ангелските чинови повикуваа: Алилуја!
Икос 5
Kога Го видоа боговидците својот Владика, како ја прима во рацете душата на Својата Мајка, и откако сфатија дека Он е Господ, побрзаа со свештени химни достојно да ú воспеат:
Радувај се, Царице, Која Го носиш Царот над сé!
Радувај се, и Самата носена од Негоите Синовски раце! Радувај се, царски скиптару на Христовата десница!
Радувај се, во рацете на Ное, гранче на гулабица!
Радувај се, жезлу аронов, кој изникна нетление!
Радувај се, крину невенлив, кој расцвета бесмртие!
Радувај се, на богоотецот Давид перо боговдахновено!
Радувај се, слово на неговите пророштва, псалтиру и гусло прекрасна!
Радувај се, оживотворен кивоту на светоста Господова!
Радувај се, во Господовиот покој наш воскреснат животу!
Радувај се, скинијо осенувана од херувимите!
Радувај се, Светињо на светињите, пофалувана од серафимите!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!

Кондак 6
Богоносните проповедници – апостолите, по заминувањето на Божјата Мајка во оној свет, како што седеа на заедничка трпеза и принесуваа леб во името Господово, одеднаш ја видоа одозгора Царицата Богородица придружувана од светли ангели; и откако слушнаа како им принесув мир од Синот Нејзин и Бог, повикаа: Алилуја!
Икос 6
Од Твојата пречиста утроба ни засветли Сонцето на Правдата, Христос Бог, со волјата и добрата проповед на апостолите го просвети светот, и Тебе Богомајката од род во род Те прослави. Затоа и сите ние Те ублажуваме, повикувајќи Ти:
Радувај се, присноблажена од сите родови довека!
Радувај се, благоутробна и милостива кон лудето!
Радувај се, зашто го исполни ветувањето на соборот на учениците!
Радувај се, зашто со надгледувањето на Твојот Син и Бог, ним мир им подари!
Радувај се, љубов на светиите и слатко гледање!
Радувај се, на преподобните мајки и свети девственици весело радување!
Радувај се, зашто ја надминуваш рајската населба на праведните!
Радувај се, зашто ги посетуваш сите кои се во небесната слава!
Радувај се, почетоку на човечкото спасение!
Радувај се, исполнување на сите добри желби!
Радувај се, зашто по Бога Ти царуваш, Богородице Царице!
Радувај се, по Господа Владиката наш господаруваш, Ти, Господо и Владичице!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 7
Оние кои сакаат со вера да влегуваат во Твојот свет храм, Богородице, и кои Те слават, секогаш ги спасуваш и избавуваш од секакви напади и неволји; затоа и на благоверните луде, кои секогаш Те ублажуваат, дај им победа над протиниците, и дај ни сé што ни е потребно за спасение, нам кои Ти се молиме и Му пееме на Бога: Алилуја!
Икос 7

Нова твар ни покажа, кога ни се јави преку Тебе, Богородице, Творецот на сé и Господ; Ти, пак, пеомислувајќи слично на Него за нас, кои чесно го почитуваме Твоето пречесно Успение, прими го ова од нас:
Радувај се, Мајко Божја избрана од земните!
Радувај се, повозвишена од земните и небесните!
Радувај се, зашто ги надминуваш херувимите и серафимите!
Радувај се, зашто со облаци го собра хорот апостолски на Твоето погребение!
Радувај се, зашто по Твоето погребение со силата Божја посебно го донесе Тома!
Радувај се, зашто преку него го потврди Твоето телесно преселување на небото!
Радувај се, зашто си украсена со убавината на сите добродетели!
Радувај се, зашто си близу до најпрекрасниот од сите синови човечки – Твојот Син!
Радувај се, зашто како феникс процвета со воскреснато тело!
Радувај се, зашто како кедар во небесниот Ливан се умножи!
Радувај се, дрво на животот, насадено среде вишниот рај!
Радувај се, духовен корабу, воздигнат во висините од смртниот потоп!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 8
Познавајќи Те, помеду небесните, избрана Владичице, како сонце во наднебесните недомисливи убавини и наискажливи добрини, умилно подавајжи ги рацете кон Твојот Син и Бог, и прерадосно поклонувајќи ú се на Неговата живоначлна десница, постојано повикуваме: Алилуја!
Икос 8
Бивајжи целата земена горе кон небесата, и не оставајжи ја земјата, Богомајко, носена на Синовските раце, отиде во непристапните предели, во оној град сесветлиот и прекрасен небесен Ерусалим, опркужена од херувими, со сите небесни сили, каде што го слушна ова пеење:
Радувај се, зашто Твојата пресвета душа се вселува во вишниот сесветол Сион! Радувај се, зашто и Твоето нетлено тело таму, заедно со душата се прославува!
Радувај се, зашто влезе во престолниот град на Самиот Седржител!
Радувај се, зашто се вознесе во прекрасниот рај на вишниот Насадител!

Радувај се, зашто си пренесена во градот, основан од блескави камења!
Радувај се, зашто си воведена во оградата опркужена од небесните војски!
Радувај се, зашто си земена во Божјото благолепие над небесата!
Радувај се, зашто си почитувана повеќе од сите духовни умови!
Радувај се, зашто ги принесуваш пред Твојот Син и Бог молбите на верниците!
Радувај се, зашто и самата непрестано се молиш за сите пред престолот на Твојот Син и Бог!
Радувај се, Претстоителке пред Бога, Која го спасуваш светот!
Радувај се, Богодарувана Застапничке на родот христијански!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 9
Секој ангелски чин Те превознесува, Богородице, сите човечки родови, пак, Те славиме како Мајка Божја, и го почитуваме Твоето пречесно Успение, Царице; зашто заради Тебе земните се соединуваат со небесните, заедно пеејќи Му на Бога: Алилуја!
Икос 9
Красноречието боговдахновените пророчки кажувања, сега гледаме како во Тебе се остварува, Богородице, заштво навистина Бога си ни Го родила во плот. Затоа верувајќи во таинството на Божјиот збор, повикуваме:
Радувај се, зашто си исполнување на Законот и пророците!
Радувај се, ѕвездо јаковова, пророкувана од Валаам!
Радувај се, одару на Великиот Цар, претскажан од Соломона!
Радувај се, руно оросено од Исуса, навесено од Гедеон!
Радувај се, несогорлива капино, предвидена од законоположникот!
Радувај се, горо света, пазена од Светиот!
Радувај се, небесна лествицо, предвидена од Јакова!
Радувај се, порто непроодна, провидена од Језекиила!
Радувај се, сонце на домот Христов, најавено од псалмопеачот!
Радувај се, таинство, различно проречено од пророците!
Радувај се, во Тебе се извршија сите кажани пророштва!
Радувај се, зашто исполни сé што беше од Севишниот предвидено за спасение!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 10

Сакајќи да го спаси светот, Господ на сé од земниот род Те избра Тебе за Своја Мајка, и заради нас стана Човек. Се качи онаму, од каде што слезе, кон небото од земјата, и Тебе со Себе Те издигна за да пребиваш во вечна слава, и да царуваш со Него бескрајно. Затоа како Бог од сите слуша: Алилуја!
Икос 10
Крепост си на верните, Дево Богородице, и застапништво на сите кои прибегнуваат кон Тебе; зашто Создателот на небесата и на земјата низ Тебе со тело помина, Пречиста, со дух и тело Те пресели во небесата, за поблиску да се застапуваш за сите кои ги научи да Ти повикуваат:
Радувај се, граде на Великиот Цар, изграден врз небесните гори!
Радувај се, крепост и покрову кој не се криеш од нас кога Ти пристапуваме!
Радувај се, помошничке на верните цареви против непријателите!
Радувај се, зашто ги победуваш нападите на агарјаните!
Радувај се, непоколеблива пазителке на благочестивата вера!
Радувај се, разрушување на еретичките армии!
Радувај се, радост и умиление на светот!
Радувај се, зашто го победи сепогубниот пекол!
Радувај се, победнички венецу на оние кои целомудрено се борат против плотта!
Радувај се, сечесно прославување на маченичките подвизи!
Радувај се, Посредничке на блажено упокојување за преподобните!
Радувај се, на блаженонатажените монаси Дарителке на вечно радување!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 11
Сите боговдахновени песни не се доволни за достојно да го воспееме Твоето сечесно Успение, сефална Владичице Царице Богородице; туку усрдно Тебе Ти го принесуваме, како Мајка на Царот на сите, ова наше смирено молење,со небесните чинови пеејќи Му на Единствениот, Кој достојно Те прослави, Бог: Алилуја!
Икос 11
Ни се јави на земјата како блескав светилник на вистинската светлина, просветувајќи ни ги душите, и нас, кои го почитуваме Твоето сечесно преставување нé водиш кон разум божествен, за да пееме вака:

Радувај се, свеќо неизгаслив на нематеријалниот оган!
Радувај се, незалезен зраку на невечерната светлина!
Радувај се, месечино осветлувана од Сонцето на правдата!
Радувај се, светлино која светиш во темнина!
Радувај се, светилнику постаен на возвишениот свеќник!
Радувај се, извору на живот од гробот, изведен во светот!
Радувај се, Мајко на духовната светлина, која ги просветува душите на верните!
Радувај се, Мајко Божја, Која ги утешува душите на озлобените!
Радувај се, Дарителке на непосрамен крај на животот, на оние кои се надеваат на Тебе!
Радувај се, наследство на Божјите и Твои слуги, зашто на судот на Твојот Син, ги поставуваш од Неговата десна страна!
Радувај се, Преблажена, зашто преку Тебе сме блажени и ние, имајќи Те за помошничка!
Радувај се, Преблагословена во сите родови, зашто Господ е со Тебе, а преку Тебе и со нас!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 12
Кога ја видоа небесните духови благодатта на високопрестолната слава, која ú беше дарувана на небесата на Богомајката, удостоена со седење оддесно на Нејзиниот Син и Бог, Ја понесоа врз себе престолите и силите; Ја опкружија началата и властите, паднаа ничкум страшните херувими, серафими и господства, со архангелите и ангелите, повикувајќи: Алилуја!
Икос 12
Воспевајќи го Твоето сечесно Успение, сите ние го славиме Твоето заминување на небесата, Царице Богомајко; Ти, пак, освети ги, прослави и спаси ги сите кои со љубов Ти пеат:
Радувај се, зашто ја очисти земјата со стапките од Твоите пречисти нозе!
Радувај се, зашто го освети воздухот со Твоето искачување на небесата!
Радувај се, зашто се искачи на небесниот свод!
Радувај се, зашто ги гледаш сите небесни добрини!
Радувај се, зашто во слава седиш до престолот на Твојот Син и Бог!
Радувај се, убавино во десницата Господова, која ги украсува оние што Те ублажуваат со небесни дарови!
Радувај се, зашто со надежта во Тебе ги израдува сите жители на земјата!

Радувај се, облечена во сонце, која со благодат и слава го осветлуваш сиот свет!
Радувај се, зашто вети дека ќе ги чуваш и спасуваш сите оние, кои го повикуваат Твоето име на земјата!
Радувај се, од сите христијански родови почитувана како Мајка Божја, и нарекувана Богородица!
Радувај се, од истокот на сонцето до запад, преславно и православно славена од сите благочестиви!
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето Успение не нé остави!
Кондак 13
О, севоспеана Мајко на Бесмртниот Цар на небесата и земјата, Христос нашиот Бог, Која живееш и по смртта, прими го приносов што денес Ти го принесуваме за Твоето сечесно Успение, во овој живот и при нашето смртно заспивање, избави нé од секој напад, неволја и несеќна, удостој нé, Царице, со небесното царство, нас, кои Ти повикуваме: Алилуја!
(овој кондак се кажува три пати, а потоа се чита икос 1 и кондак 1)

Uspenie.Presveta.Nagoricane.jpg
Молитва кон Пресветата Владичица наша Богородица
О, Пресвета Богородице, Дево Владичице, повозвишена од ангелите и архангелите, и најчесна од сета твар, восхит велик на ангелите, возвишена проповед на пророците, преславна похвало на апостолите, прекрасен украсу на светителите, крепка тврдино на мачениците, спасително водство на иноците, неотклоно воздржание на испосниците, славо и чистото на девствениците, тивка радост на мајките, мудрост и поука на младенците, заштитничке на вдовиците и сираците, на голите риза, на болните оздравување, на пленетите избавување, тишино на оние што по море пловат, мирно пристаниште на оние што бура ги носи, сигурна водителке на заблудените, лесен премину на патниците, блажен спокоју на трудбениците, на измачените брзазастапничке, на нападнатите покрову и прибежиште, надеж на безнадежните и помош на оние кои помош бараат.
На ништите богатство непропадливо, на нажалените непрестана утехо, на намразените љубовно смирение, на грешните спасение и кон Бога обраќање, на сите правоверни цврста заштито, непобедлива помош и застапништво. Низ Тебе, Владичице, Невидливиот нам видлив ни стана, затоа молита Ти принесуваме, Господо, ние грешните слуги Твои.

И, Премилостива и Пречудесна Царице на духовната светлина, Која Го роди нашиот Цар Христос, Живототдавецот на сé, славена од небесните и фалена од земните; ангелски уму, светлозарна ѕвездо, Пресвета меду светиите, Царице на цариците, Владичице на сета твар, боголепна Девице, несквеера невесто, на Светиот Дух палато, огнен престолу на невидливиот Цар, небесен кивоту, Носителке на Словото Божјо, огнообразна кочијо, одмориште на Живиот Бог, неизглаголива Составителке на плотта Христова, гнездо на Орелот Небесен, грлице благогласна, гулабице кротка, тивка и незлобива, Мајко чедољубива, бездно на милоста Која го разгони градот на гневот Божји, безмерна длабочино, неизглаголива тајно, несфатливо чудо, благомирисно кадило, чесна багренице, боготкаена порфиро, душевен рају кој ја изнедри животоносната градина, цвету прекрасен кој ни Го расвета небесното веселие, грозду на нашето спасение, путиру на Царот небесен во Кого од Светиот Дух се раствори виното на неисцрпна благодат, Застапничке на законот, почетоку на вистинската вера Христова, непоколеблив столбу, пропаст на еретиците, меќу на гневот Божји против богоборците, страв за демоните, победо во војните, на сите христијани вистинско зачувување и на целиот свет сигурно спасение!
О, Семилостива Господо, Дево Владичице, Богородице, услиши нé нас кои Ти се молиме, и покажи ја милоста Твоја на лудето Твои. Моли Го Синот Твој да нé избави од секое зло и да ја сочува нашата обител и секоја обител, градот и ѕидините на верните, и лудето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име Твое, од секоја напаст, помор, глад, земјотрес, потоп, оган, меч, налет на иноплеменици и медусебни војни, од секоја болест и секоја неволја, та од никаква рана, ни закана, ни помор, ни секаков правеен гнев Божји да не бидат поразени слугите Твои; туку сочувај нé и спаси нé по милоста Своја, Господо, нас кои Ти се молиме, и полено благорастворени на воздухот кон време на плоден принос дарувај ни; олесни, прости и помилуј нé, премилостива Владичице, севоспеана Богородице, нас кои сме во секоја беда и мака. Спомни си за слугите Твои, и не презирај ги солзите и воздишките наши, и обнови нé по добрината на Твојата милост, за со благодарност да се утешуваме, наодајќи те за помошничка. Смилувај се, Господо Пречиста, на немоќта на лудето Твои, надеж наша; рассеаните собери ги, заблудените – на прав пат води ги, отпадниците од верата отечка – пак врати ги, староста поткрепи ја, младите научи ги, младенците воспитај ги, и прослави ги оние кои Те слават, а особено Црквт на Синот Твој сочувај ја и сохра ни ја во долгоденствие.
О, милостива и премилостива Царице на небесата и земјата, Богородице приснодево, со Твоето застапништво помилувај го чесното воинство, и сите православни христијани, запазувајќи ги под покровот на милоста Твоја; заштити ги со Твојата чесна риза и моли Го Христа нашиот Бог, Кој бессемено од Тебе се воплоти, да нé препојаса одозгора со сила против нашите видливи и невидливи непријатели, против иноплениците и едноплемениците кои војуваат против нас и против нашата Православна вера. Спаси и помилуј ги, Господи, членовите на Светиот Синод на нашата Православна Црква, свештениците и даконите, и сиот православен народ кој се моли пред Твојата чесна икона; погледни кон сите нас со погледот на Твоето милостиво застапништво, подигни нé од гревовниот понор и просвети ни ги очите на срцето, за да го видиме спасението; моли Го Синот Твој, милости да биде кон нас, тука и на Страшниот Суд; слугите Твои кои се претставија во благочестие од овој во вечниот живот, со ангелите и архангелите, и со сите светии причисли ги да застанат оддесно на Синот Твој и Бог, и по молитвата Твоја направи да живеат со Христа, и да се насладуваат со ангелската радост во небесните живеалишта.
Зашто Ти си, Господо, слава на небесните и надеж на земните, Ти си надеж наша, и застапничка на сите кои кон Тебе притекнуваат, и кои ја просат светата помош Твоја. Ти си наша топла молителка кон Синот Твој и Бог наш; Твојата мајчинска молитва има голема моќ во молењето на Владиката; со Твоето претстателство пред престолот на благодатта да се осмелиме да пристапиме кон пресветите и животворни Негови Тајни, иако сме недостојни. Затоа гледајќи го на иконата сечесниот Твој образ и раката Твоја, која Го држи Седржителот, се радуваме ние грешните, и со умиление припадаји, со љубов ја целиваме, очекувајќи Господо, со светите Твои богопријатни молитви, да го достигнеме бесконечниот небесен живот, и непосрамено да застанеме на Денот на Судот оддесно на Синот Твој и нашиот Бог, славејќи Го Него заедно со безначалниот Отец и пресветиот, и благ, живототворен и единосушнтен Дух, во сите векови. Амин!

Подготви: Стојанче Андов ( Извор: http://molitva.blogspot.com )

 

 

sv.jovan.sangajski1.jpg

Акатист на Св. Јован Шангајски и Санфранциски


Конадак  1
Избран чудотворецу и на Христа угоднику, на целиот свет му излеваш непресушен поток на духовна инспирација и многу чудеса, те фалиме со љубов и ти повикуваме: Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!
Икос 1
Како ангел се јави во последните времиња, по милоста Божја, заради Неговото човекољубие. Гледајќи на убавината на твоите добродетелите, ти воскликнуваме:
Радувај се, ти кој уште во раното детство се украси со благочестие;
Радувај се, кој со страв и трепет ја исполнуваше волјата Божја;
Радувај се, ти кој ја објавуваше Божјата благодат, тајно, преку добри дела;
Радувај се, кој ги слушаш молитвите на оние во неволја;
Радувај се, полн со љубов, помагач на ближните свои кон спасение;
Радувај се, радост на сите кои со вера ти се поклонуваат;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 2
Гледајќи ги добродетелите кои изобилно се излеваат, светителу славен Јоване, се просветуваме со духот; и како живоносен извор на Божјите чуда нè напојуваш нас верните, кои повикуваме кон Бога: Алилуја!


Икос 2
Имајќи ум полн со љубов и богословие, богомудри Јоване, стана мудар со познанието Божјо, и украсен со љубов кон страдалните, научи нè да го познаеме со љубов вистинскиот Бог, та и ние во умиление да ти повикуваме:
Радувај се, непоколеблива тврдино на вистинското Православие;
Радувај се, скапоцен саду на Светиот Дух;
Радувај се, праведен изобличителу на нечестивоста и лажното учење;
Радувај се, ревносен исполнителу на Божјите заповеди;
Радувај се, подвижнику, кој не си дозволи себе си да се одмориш на кревет;
Радувај се, возљубен пастиру на стадото Христово;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 3
Со силата на благодатта Божја, како татко на сиромашните и наставник на младите си се јавил, поучувајќи ги во страв Божји и подготвувајќи ги да му служат на Бога. Затоа сите твои чеда, угледувајќи се на тебе, во благодарност повикуваат кон Бога: Алилуја!
Икос 3
Навистина треба од небесата да бидеш фален, а не од земјата, оче Јоване, бидејќи нашите зборови не се доволни во однос на делата твои. Сепак, вознесувајќи му на Бога од она што имаме, ти извикуваме вака:
Радувај се, ти кој ги заштитуваше чедата свои со умносрдечна молитва;
Радувај се, ти кој секогаш го заштитуваше стадото свое со крстниот знак;
Радувај се, на љубовта голема тврдино што не знае за граници меѓу различните народи;
Радувај се, сесвети светилнику, возљубен од сите;
Рaдувај се, пример за непрестана молитва и милосрдие;
Радувај се,  подателу на духовна утеха на оние што имаат потреба;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 4
Оптоварени со бура на опасности, како достојно ќе те фалиме, блажени Јоване? Си патувал до краиштата на земјата, заради спасение на твоето стадо и благовестување на Евангелието на оние во темнина. Благодарејќи му на Бога за ангелскиот труд твој, извикуваме кон Него: Алилуја!
Икос 4
Оние ближните и оние далечните слушнаа за величието на твоите чудеса, кои по милоста Божја се јавија и во наше време.  Затоа ние, во Бога прославениот, со благоволение ти повикуваме:
Радувај се, просветителу на оние во темнината на неверието;
Радувај се ти, кој ги водеше луѓето од далечниот Исток до Запад;
Радувај се, извору на чудеса, излиени од Бога;
Радувај се, ти, кој со љубов ги вразумуваше заблудените;
Радувај се, брз утешителу на оние што се каат за своите гревови;
Радувај се, патеводителу на тие што одат по правиот пат;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 5
Си се покажал како благ дар на светлината, што ги запира свирепите бури, спасувајќи ги по твоите молитви со крстниот знак жителите на островот Тубабао од смртоносните ветрови. Научи нè и нас што те повикуваме на помош, чудотворецу свети,  со смелост(решително) да викаме кон Бога: Алилуја!
Икос 5
Сите кои се надеваа на тебе, во очајни околности и несреќи најдоа избавување, о смел посреднику пред претстолот Божји. Затоа се надеваме во твоето посредништво пред Бога и воскликнуваме:
Радувај се, на опасните стихии прогонителу;
Радувај се, ти кој со молитвата нè избавуваш од неволји;
Радувај се, неисцрпен дарителу на леб на гладните;
Радувај се, изобилие на добра на сиромасите;
Радувај се, утешителу на оние кои тагуваат;
Радувај се, брзо станување на паднатите;
 Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 6
Проповедајќи спасение, иако бавен во зборот, се покажа како нов Мојсеј, водејќи го својот народ надвор од ропството на безбожието, преблажен Јоване. Избави нè од ропството на гревот и невидливиот непријател, та и ние во радост да му воскликнуваме на Бога: Алилуја!
Икос 6
Сјаејќи во праведноста своја, го направи невозможното, ја убеди власта од овој свет да се смилува на твоето стадо, о добар пастиру. Затоа и ние со нив воскликнуваме кон тебе со благодарност:
Радувај се, добар пастиру, што приготви за твоето заскитано стадо мирно пристаниште;
Радувај се, ти, што покажа најголема грижа за децата и болните;
Радувај се, помошнику на сите кои ти повикуваат со вера;
Радувај се, во изобилие се покажа силата Божја во твоето слабо тело;
Радувај се, ти, кој ги разурнуваш нападите на нечестивите;
Радувај се, истребувачу на лагите и предвестувачу на вистината;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 7
Сакајќи достојно да ги прославиш древните светии на Запад, во земјите кои отпаднаа од Вистината, ти воспостави нивно почитување во Православната Црква, о љубителу на светиите од Исток и Запад. Со нив денес моли се на Небесата за нас, кои пееме од Земјата: Алилуја!
Икос 7
Те гледаме како новоизбраник Божји, кој во последните времиња заедно  со светителите на древната Галија  се покажа како еден од нив, поттикнувајќи го стадото твое да ја сочува истата православната вера што тие ја исповедаа восхитувајќи ги народите на Запад со својот свет живот. И сочувај нè и нас да пребиваме во истата вера и да ти воскликнуваме:
Радувај се, нов Мартине, во своите чуда и аскетскиот подвиг;
Радувај се, нов Германе, во исповедањето на Православната вера;
Радувај се, нов Иларие, во божественото богословие;
Радувај се, нов Грегорие, во почитувањето и прославувањето на Божјите угодници;
Радувај се, нов Фавсте, со монашкото усрдие;
Радувај се, нов Кесарие, во цврстата љубов кон правилата на Божјата црква;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 8
 Во чудо се претстави ти: во Новиот Свет, co поранешното стадо се најде во многу тешкотии. Таму беше повикан да претрпиш прогонство и со своето трпение, праведност и поучувања да го водиш стадото, и ја подигна црквата на Мајката Божја, Радост на Сите што страдаат. Восхитувајќи се сега на твоето трпение и смирение, благодарно му воскликнуваме на Бога: Алилуја!
Икос 8
Целиот давајќи се себеси на Христа, работнику на Христовото лозје, не знаеше за одмор дури до крајот на твојот многустрадален живот; помогни ни нам недостојните, во делата да се трудиме да сме верни на Христа и да пееме во слава кон тебе:
Радувај се, ти, кој претрпе до крај и доби спасение;
Радувај се, се удостои да се упокоиш пред иконата на Божјата Мајка;
Радувај се, среде неправедните гонења верата мажествено ја сочува;
Радувај се, кој му служеше на своето стадо до крајот и се упокои седејќи, како епископ;
Радувај се, и по смртта стадото го утешуваше со чудесното твое враќање;
Радувај се, подателу на многу чуда на оние кои со вера и љубов пристапуваат кон твоите мошти;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 9
Целата ангелска природа се зарадува на твојата душа што се вознесуваше кон небесната обител, а ние, восхитувајќи се на твоите чуда на земјата, кои се јавија преку делувањето на Светиот Дух, му пееме на Бога: Алилуја!
 Икос 9
Говорниците не можат со своите красноречиви зборови да го изложат подостојно твојот свет живот, о праведен оче Јоване, бидејќи стана дом на благодатта на неискажливиот Бог, ние не можејќи да останеме неми на чудата јавени во ова време на наше маловерие, те прославуваме:
Радувај се,  Божествена палато од кадешто заповедите на Добриот Цар се даваат;
Радувај се, со своите скромни дела ангелите ги направи твои сослужители;
Радувај се, ти што изгради вечно неракотворно живеалиште, на Небесата;
Радувај се, болницо што секоја болест божествено ја лекуваш;
Радувај се, тајна ризницо на молитвениот подвиг;
Радувај се, осветен храму на Светиот Дух;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 10
Сакајќи да се спаси светот, Спасителот на сите нас ни го испрати новиот светител и преку него нè повика од мрачната бездна на гревот. Слушајќи како на покајание нè повикуваш, ние недостојните, на Бога му пееме: Алилуја!
Икос 10
Тврдина си што нè заштитуваш од несреќи, оче Јоване, зашто преку твоето небесно застапништво се избавуваме од демонските страсти и несреќи што нè напаѓаат нас на земјата. Пред твојата силна молитвена поткрепа со вера извикуваме:
Радувај се, на слепите прогледување;
Радувај се, со силата на молитвата им даваш живот на оние во смртна постела;
Радувај се, со премудроста Божја ги просветлуваш оние во неспокојство и сомнеж;
Радувај се,  спасоносна росо на оние што горат во огнот на жалоста;
Радувај се, возљубен татко на сираците и напуштените;
Радувај се, свет учителу на оние што ја бараат Вистината;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 11
Со мисла, збор и дело твојот живот беше химна кон Пресветата Троица, преблажен Јоване. Со многу мудрости ги објасни заповедите на вистинската Вера, учејќи нè нам со вера, надеж и љубов да му пееме на единиот Бог во Троица: Алилуја!
Икос 11
Те гледаме како светлоносен светилник на Православието на оние кои се во темнина на незнаењето, добар пастиру на Христовото стадо. Така, и по твоето упокојување, си им откривал за Вистината на оние кои нè ја познаваат, просветлувајќи ги душите на верните, кои ти повикуваат вака:
Радувај се, ти, кој со божествена мудрост ги просветлуваш слабите во неверие;
Радувај се, божилак на тивка радост на кротките;
Радувај се, грому на оние непопустливите во гревот;
Радувај се, молњо што ги гориш ересите;
Радувај се, пороен дожду на православните догмати;
Радувај се, росо на Богомислието;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 12
Со побожност и благодарност ја примаме благодатта што ти беше дадена од Бога, сефален оче Јоване. Прославувајќи ги чудата на свет ерарх, кој некогаш одеше меѓу нас, му пееме на Бога: Алилуја!
Икос 12
Пеејќи пофалба на Бога, небесниот хор на светиите се радува зашто Господ не го заборавил паднатиот и безверен свет, и ја покажа Својата семоќна сила на тебе, кроткиот и смирен слуга.                   Блажен Јоване, ние со сите светии те поздравуваме и те почитуваме:
Радувај се, нова sвездо на праведноста што засветли на небесата;
Радувај се, нов пророку кој беше пратен пред конечното царување на злото;
Радувај се, како Јона ги предупредуваш сите за наплатата на гревот;
Радувај се, како Крстител ги повикуваш сите на молитва и покајание;
Радувај се, како Павле претрпе многу заради Евангелието и проповедањето на верата;
Радувај се, нов апостолу со своите чуда внесуваш во нас вера и страв Божји;
Радувај се, светителу оче Јоване, во бедите брз помошнику!

Кондак 13
О пресветол и прекрасен угоднику Божји, светителу оче Јоване, утехо на натажените, прими го ова наше молитвено принесување, та по твоите молитви кон Бога, да бидеме избавени од огнената Геена и по богопријатното твое застапништво да му пееме на Бога во веки: Алилуја!
Овој кондак се кажува трипати,потоа повторно Икос 1 и Кондак1 се повторуваат.

Икос 1
Како ангел во тело се јави во последните времиња, по милоста Божја, заради Неговото човекољубие. Гледајќи на убавината на твоите добродетели, ти воскликнуваме:
Радувај се, ти кој уште во раното детство се украси со благочестие;
Радувај се, кој со страв и трепет ја исполнуваше вољата Божја;
Радувај се, ти кој ја објавуваше Божјата благодат, тајно, преку добри дела;
Радувај се, кој ги слушаш молитвите на оние во невоља;
Радувај се, полн со љубов, помагател на ближните свои кон спасение;
Радувај се, радост на сите кои со вера ти се поклонуваат;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!
Конадак  1
Избран чудотворецу и на Христа угоднику, на целиот свет му изливаш непресушен поток на духовна инспирација и многу чудеса, те фалиме со љубов и ти повикуваме:                                   Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

sv.jovan.sangajski1.jpg


Молитва прва
О, чудесен светителу Јоване, толку си го распространил срцето свое, за да го сместиш мноштвото почитувачи од различни народи и племиња. Погледни на сиромаштвото на нашите зборови, кои, сепак, со љубов ти ги принесуваме, и помогни ни, светителу Божји, да се очистиме од сите нечистотии на телото и духот, трудејќи се за Господа со страв и радувајќи се во Него со трепет. Со што да ти возвратиме за радоста што ја почуствувавме, гледајќи во светиот храм на твоите свети мошти и славејќи го твојот спомен? Навистина немаме со што да ти возвратиме, освен ако ги промениме нашите животи, станувајќи нови луѓе. Биди застапник на оваа благодат на обновување, светителу Јоване; помогни ни во нашите слабости; излекувај ги нашите болести; излекувај ги нашите страсти по твоите молитви. Ти кој се пресели од овој привремен живот во оној вечниот, во кој те упати Пречистата Владичица, Патеводителка на Руската дијаспора, со својата чудотворна икона Коренокурска, која ти беше сопатница на твоето претставление, со која сега се радуваш заедно со хорот на светиите, кои го слават Единиот во Троица Бог, Отецот, и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Молитва втора 
Светителу оче наш Јоване, добар пастиру и тајновидец на човечките срца и ум! Сега се молиш пред Божјиот Претстол, како што сам посмртно си рекол: „Макар што умрев - сепак жив сум”. Помоли го семилостивиот Бог да ни дарува прошка на нашите гревови, и будни со нашите сетила да повикуваме кон Бога да ни дарува дух на смирение, страв Божји и побожност во секое време од нашиот живот. Зашто беше милостив наставник на сираците и искусен воспитувач на Земјата, сега биди ни патеводител во Христијанско разбирање на Црковните несогласувања; услиши ги воздишките на збунетата младина од нашето изопачено време, изложено на бурата на злобното беснило, и милостиво погледни на потиштеноста на нашите пастири, кои изнемоштуваат од нападите на нечестивиот дух на овој свет и кои се потиштуваат во мрзелива рамнодушност. Побрзај во молитвата, плачејќи ти повикуваме, о топол застапнику; посети нè нас сиромашните, расејани по лицето на целата Вселена и во нашата татковина, заскитани во темнината на страстите; но и покрај нашата мала љубов сме навлечени кон Христовата светлина и ја очекуваме татковската грижа; и така, навикнати на побожност, да се јавиме наследници на Царството Божјо, каде што пребиваш со сите светии, славејќи го нашиот Господ Исус Христос, на Кого е моќта и честа, сега и секогаш и во веки веков. Амин!

 

Превел
А. Б.

 Друго:

Акатисти и канони (1)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная