“Браќа, вразумувајте ги распуштените, тешете ги малодушните, поддржувајте ги слабите, бидете долготрпеливи кон сите. Внимавајте на некој да не му возвратите зло за зло, туку секогаш барајте добра и еден на друг и во се”… Така во последната глава од своето послание до Солуњаните говори апостол Павле. Овие зборови се јасни, прости, кратки, но – колку во нив има светлина, колку добро и вистина…
Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед, да ги заколат монасите и да ги искрадат манастирските богатства.
Една вечер тие се истовариле на копното и се сокриле во блиските грмушки.
Да бидеме и ние милосрдни кон починатите. Штом некој се упокои, веднаш повикајте свештеник или кажете му да прочита “молитва по исход на душата“, која е одредена да се чита над сите православни веднаш по нивната смрт. Погрижете се ако постои можност, опелото да се изврши во Црква, а пред опелото над покојникот да се чита Псалтир. Опелото не мора да биде раскошно, но мора да се изврши во целост, без скратување;
Павловата мисионерско – евангелска дејност најдобро се определува и е поврзана со карактеристиките на Црквата. Таа е мисија за единство, соборност и светост. За апостолот на народите успехот или квалитетот на мисиите не се определува со бројот на преобратени, бидејќи за него квалитетот секогаш бил над квантитетот.
Душата ги контролира чувствата, а не чувствата – душата.
Да го правиш сето она што го чувствуваш, не е секогаш безбедно.
Не може да се оставаш да бидеш жртва на секое твое чувство, велејќи, едноставно дека „така се чувствувам“.
Во Старечникот читаме дека некој голем испосник видел како душите слегуваат во пеколот како што снегулките паѓаат кога е зима, затоа што не се исповедале вистински, со одлучност повеќе да не грешат. Затоа св. Василиј Велики вели: „Нема корист од исповедта, ниту се исповеда оној кој на исповедта кажува само дека згрешил,
Без постот е невозможно да се зачува светоста, невозможно е телото да му се потчини на духот, па ни самата молитва нема да се вознесе и нема да има дејство, бидејќи падната природа ќе го надвладее телото и тоа ќе биде принудено да се распали. Од тоа распалување на телото доаѓаат мислите кои го валкаат умот; тие, пак, го возбудуваат и валкаат срцето,
Од почетокот на пештерата до малиот отвор со Света Вода се доаѓа преку еден низок премин кој е 20м. долг и 80см. широк. Од десната страна на изворот има просторија со правоаголна форма каде што посетителите можат да застанат. Факт е дека оваа соба била мала црква со монограми и други претставувања. Денес, многу малку траги од сликите се видени во аглите на
Значи, нема потреба да се занимавате со трњето. Не зафаќајте се со изгонување на злото. Христос такви нè сака, да не се занимаваме со страстите и со противникот, односно ѓаволот. Насочете ја водата, односно сета сила на вашата душа, кон цвеќињата и ќе се радувате на нивната убавина, убавиот мирис и свежина.
Покајте се, браќа! Побрзајте, да не останете зад затворени врати.
Покајте се, додека има време. Фрлете се во морето на милосрдието Божјо додека е време,
Самиот Бог нас не' повикува:
„Дојдете сите кај мене... и Јас ќе ве одморам“. ·
Монахињата Параскева ни поради елеј од кандилото на гробот на старец Гаврил и ни објасни како можеме да се помазуваме со него. Имав чувство како да сум добил некоја огромна сила. Така и беше!
Кај гробот на старец Гаврил во манастирот Самтавро.
Иконата треба да биде онаа алка што ќе го спои современиот човек со вечноста.
Нејзината основна смисла е духовната суштина и
благодатта што излегува преку неа како светлина низ прозорец.
А кога браќата се љубат помеѓу себе, тие и не сакаат за долго да бидат оддалечени еден од друг, туку заеднички да пребиваат во љубовта Христова, заеднички величајќи го Неговото Име. Во овој евангелски дух, на 20 и 21 јуни 2022 година, се случи и посетата на Патријархот Српски г.г. Порфириј на нашите древни светињи, изградени покрај водите на прекрасното Охридско Езеро.
И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце;
Една добра помисла има иста сила како повеќечасовно бдение! Толкава сила има добрата помисла. Исто како што денес некое ново оружје со ласерските зраци го запира проектилот во базата, спречувајќи го неговото лансирање, така и добрите помисли ги пресретнуваат и ги блокираат лошите помисли на ѓаволските „аеродроми" откаде што тие поаѓаат.