логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

Pajsij.Svetogorec3.jpg

ПРВА ГЛАВА
Добри и лоши помисли

СИЛАТА НА ДОБРИТЕ ПОМИСЛИ 1

Старче, во „Стариот завет", на едно место пишува: „Благочестивата помисла не ги искоренува страстите, туку таа е нивни противник". Што значи тоа?
Внимавај што ќе ти речам: Страстите во нас се длабоко вкоренети, а благочестивата, добрата помисла ни помага да не паднеме во нивно ропство. Кога човек одржува /односно има/ само добри помисли и откако ќе утврди во себе добра /духовна/ состојба, страстите престануваат да дејствуваат, така што се чувствува како воопшто и да ги нема. Значи, благочестивата помисла не ги искоренува страстите, туку се бори против нив, а постои можност и да ги совлада. Мислам дека писателот сакал да укаже на тоа што се можеле да поднесат седумте свети деца, нивната света мајка Саломија и нивниот учител свети Елеазар, имајќи благочестиви помисли, зајасно да ја покаже силата на добрите помисли.
Една добра помисла има иста сила како повеќечасовно бдение! Толкава сила има добрата помисла. Исто како што денес некое ново оружје со ласерските зраци го запира проектилот во базата, спречувајќи го неговото лансирање, така и добрите помисли ги пресретнуваат и ги блокираат лошите помисли на ѓаволските „аеродроми" откаде што тие поаѓаат. Потрудете се во себе да засадите добри помисли пред да ве преjде ѓаволот и да засади во вас лоши помисли за вашето срце да стане градина, а вашата молитва да биде исполнета со нејзиното божествено благоухание.
Кога човек макар и малку ќе задржи во себе леви помисли, односно лоши помисли за некого, каков било подвиг да преземе - пост, бдение и слично - ќе биде залуден. Како да му помогне подвигот ако истовремено не се труди да не прима лоши помис/ш? Зошто прво не го испразни садот од талогот од маслото, што служи само за правење на сапун, и после во него да налие добро масло, туку го меша доброто и неупотребливото масло, валкајќи го на тој начин и доброто?
Една чиста, добра помисла има поголема сила од секој подвиг. Некое момче, на пример, ќе го нападне ѓаволот со нечисти помисли и тоа ќе бдее, ке пости, три дена ниту јаде, ниту пие за да се ослободи од нив. Но само една добра помисла што ќе ја негува ќе има поголема сила од сите негови бдеења и постење и ќе му даде посигурна помош.
Старче, кога велите „чиста помисла", дали мислите на еден одреден проблем или воопшто?
И воопшто. Зашто кога човек на се гледа со добра помисла, тој стекнува чистота и Божја благодат. Со помислите одлево тој ги осудува своите ближни и им нанесува неправда, го спречува доагањето на божествената благодат и тогаш доаѓа ѓаволот и господари.
Значи, старче, осудувајќи ги /своите ближни/ тој му дава право на ѓаволот да го мачи?
Да. Основа за се е-добрата помисла. Тоа е она што го издигнува човекот, она што, во добра смисла, го менува. Треба да достигне таква состојба во која се ќе гледа чисто. Тоа е она што го рекол Христос: „Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!" /Јн. 7,24/. Човекот подоцна достигнува состојба во која на се гледа со духовни Очи, а не со човеки. Тој за се наоѓа оправдување, но во добра смисла.
Треба да внимаваме да не примаме лукави телеграми од ѓаволотза да не го оскверниме храмот на Светиот Дух /1 Кор. 6,19 и 3,16/ и да не ја оддалечиме од себе Божјата благодат, после што бидуваме помрачени. Кога Светиот Дух ќе види дека нашето срце е чисто, Он доаѓа и се вселува во нас зашто ја сака чистотата - поради тоа и се јавил во вид на гулаб.

НАЈГОЛЕМА БОЛЕСТ: ПОМИСЛИТЕ ОДЛЕВО


Старче, кога треба да решам некој проблем, чувствувам неспокој и не можам да спијам.
Твојот основен проблем е - многу помисли. Кога не би имала толку помисли, би можела да дадеш повеќе од себе, и на послушанието и на духовен план. Слушни еден метод за избавување од мноштвото помисли. Кога, на пример, ќе ти падне напамет нешто што се однесува на она што треба да го направиш утре, речи и на својата помисла: „Таа работа не е за денес. Утре ќе мислам за неа." Исто така, ако треба да донесеш некоја одлука, не измачувај се да размислуваш за пронаоѓање на некое подобро решение и не одложувај го до недоглед / донесувањето на одлука/. Одлучи се за нешто и оди понатака. После тоа препушти му ја грижата за тоа на Бога. Труди се да избегнуваш схоластички пристап кон проблемите за да не ти биде зашеметена главата. Прави го усрдно она што можеш, биди едноставна и имај доверба во Бога. Ние, на некој начин, го задолжуваме Бога да ни помогне кога својата иднина и својата надеж му ги доверуваме Нему. И здрав човек, ако има многу помисли, не ке биде за ништо. Ако се секира човек кој боледува и страда - тој има некое оправдување. Но, ако човек е здрав, а негодува и прима помисли одлево - заслужува ќотек! Наместо да се радува, тој се измачува со помисли!
Најголема болест во наше време се празните помисли на луѓето со светско настроение. Тие можат да имаат се, освен добри помисли. Се мачат зашто кон проблемите не се поставуваат духовно. На пример, некој човек тргнал некаде со кола, се случил мал дефект на моторот и тој малку доцни. Ако има добри помисли, ќе рече: „Види, добриот Бог ми ја испрати оваа препрека зашто, можеби, ќе доживеев некоја несреќа, ако не задоцнев. Како да Ти заблагодарам за тоа, Боже мој?" и ќе го прослави Бога. Но, ако нема добри помисли, нема да се соочи со проблемот на духовен начин, ќе го обвини Бога и ќе почне да негодува: „Ете, требеше да стигнам порано, а јас задоцнив! Каква несреќа! И тој Бог..."
Човекот добива корист кога го прифаќа она што му го советуваат помислите оддесно. А кога постапува „лево" - се мачи, се нервира, се избезумува. Еднаш, пред неколку години, влеговме во некој товарен камион во кој, како седишта, имаше едни штици за да одиме од Уранополис до Солун. Внатре се беше хаос: куфери, портокали, риби, сандаци што мирисаа на риба, деца од Атонијадата, некој седи, некој стои, монаси, мирјани... Дојде еден мирјанин и седна до мене. Беше дебел, а бидејќи беше и притеснат, извика на цел глас: „На што личи ова?!..." Недалеку оттаму се наоѓаше еден монах, кој, кутриот, целиот беше затрупан од сандаците, така што само главата му се -ледаше. Покрај сето тоа, бидејќи камионот се нишаше - патот беше од калдрма - натрупаните сандаци паѓаа, а кутриот тој се обидуваше со рацете да ги турне налево или надесно за да не го удрат по главата. А првиот викаше затоа што седеше малку притеснет. Му реков: „Зар не гледаш како му е на оној таму, а ти се дереш?" Го прашав и монахот: „Како е, оче?" Тој низ смеа ми одговори: „Подобро отколку во пеколот, старче!" Првиот се мачеше, иако седеше, а монахот се радуваше и покрај тоа што сандаците за малку не го затрупаа. А пред нас имаше уште два часа пат, не бевме близу. Умот на мирјанинот се вртеше околу удобноста што би ја имал доколку 6и тргнал со автобус и со тоа само се вознемири. А монахот мислеше за тоа колку би се мачел доколку би,се наоѓал во пеколот и чувствуваше радост. Размислуваше: „Ке стигнеме за два часа и ке излеземе од камионот, а оние, кутрите, во пеколот се мачат довека. На-вистина, таму нема сандаци, метеж и се останато, но пекол си е пекол. Слава Ти, Боже! Овде, сепак, ми е подобро."
Старче, зошто двајца послушници, на пример, немаат иста доверба во својот духовник?
Поради помислите. Човек може да има лоши помисли кон се и сешто. Ако нема добри помисли и не го исфрли своето „јас" од секоја своја постапка, односно, ако е самоволен - ниту светец нема да му помогне. Не само да има свет духовник или света игуменија, туку духовник да му е и свети Антониј или кој било друг светител - тоа ништо нема да му помогне. Ни самиот Бог не може да му помогне на еден таков човек, иако Он тоа многу го сака. Кога човек се сака себеси, односно кога е себељубив, тој се толкува преку тоа. Некој се толкува погрешно, а некој онака како што нему му одговара. Малку по малку овие неразумни толкувања стануваат дел од природата на таквиот човек. Како и да се однесуваш, тие ќе се соблазнат.
Има и такви луѓе кои, ако им посветиш малку внимание, ако им кажеш некој убав збор, летаат од среќа. Но ако не им посветиш внимание, многу ќе се натажат и одат во друга крајност, што е ѓаволска. Кога ќе видат, на пример, нечија по-стапка, тие помислуваат: „Аха, ќе се случи тоа и тоа" и подоцна се сигурни дека тоа се случило така како што мислеле. Или ќе видат дека некој е сериозен и ќе помислат дека сигурно има нешто против нив, а тој, можеби, е сериозен затоа што е преокупиран со нешто. Пред некој ден ми дојде еден човек и ми рече: „Зошто тој и тој некогаш разговараше со мене, а сега не разговара? Нешто му приговорив, да не е, можеби, поради тоа?" „Внимавај", му реков. „Можеби те видел, но просто не те забележал или некој му е болен, па размислува за тоа како да најде лекар; или ќе патува во странство, па е окупиран со тоа да ги смени парите..." И навистина, тој човек имал болен роднина и сериозни проблеми, а овој, затоа што очекувал тој да стане и да поразговара со него, изнесе цел куп помисли.

  Pajsij.Svetogorec3.jpg

  Во аскетскиот речник зборот „помисла" означува или просто мисла што произлегува од умот, или движење на душата кон добро или кон зло; или наклоност кон добро или кон зло; или она што се стекнува со содејство на умот, совеста, чувствата и волјата. Имајќи во предвид дека помислите му претходат на секое дело, за да биде успешна борбата на секој верник, а особено на монасите, таа прво треба да биде насо-чена кон испитување на помислите, за да се негуваат добри помисли, а лошите да се поразат.

 

 Извор:

ДУХОВНА БОРБА_Поуки

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевска  епархија - Охрид

Главе и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная