Ние не сме она што го чувствуваме
Душата ги контролира чувствата, а не чувствата – душата.
Да го правиш сето она што го чувствуваш, не е секогаш безбедно.
Не може да се оставаш да бидеш жртва на секое твое чувство, велејќи, едноставно дека „така се чувствувам“.
Она што го чувствуваш, треба секогаш да се филтрира од твојот разумен дел.
Замисли, да се препуштавме на нашите чувства како гневот, зависта, паниката…
Нашиот живот би се претворил во пекол на земјата.
Ние не сме она што го чувствуваме.
Ние сме она, што со нокти и заби, секојдневно, се бориме да станеме.
Елевтериос Елевтеријадис, православен психолог
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев