логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer288

Светата Трпеза нас нѐ вселува во Христос

Ветувањето што ни е дадено во врска со светата Трпеза нас нѐ вселува во Христос, и Христос Го вселува во нас. Бидејќи вели: „Во Мене живее и Јас во него“ (Јован 6, 56). А кога Христос живее во нас, што уште ни треба, или кое богатство ни недостасува? И кога ние живееме во Него, што друго би посакале? Тој е и наш жител и наш дом, блажени сме поради таквиот дом, и блажени сме што му даваме дом на таквиот станар. Значи, кое богатство не го поседуваат оние што се наоѓаат во таква духовна состојба? Што заедничко има гревот со оние што достигнале до таква просветленост? Кој грев ќе ги надвладее толкавите богатства? Кое присутно зло би било во состојба да опстане, и кое отсутно би можело да пристапи кога Христос е толку целовит во нас, кога проникнува во целокупното наше битие и зазема сѐ што е во нас и околу нас?

И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце; со тоа што се вселуваме во Него, Го вселуваме и Него во себе,  со тоа што Го облекуваме со себе, се облекуваме и во Него, со тоа што се соединуваме со Него, стануваме еден дух. Затоа што, душата и телото, и сите сили веднаш стануваат духовни, бидејќи Неговата Душа се соединува со нашата, Неговото Тело со нашето, Неговата Крв со нашата. И што произлегува од ова? Она што е подобро и повозвишено, тоа преовладува над она што е пониско, а она што е Божјо, тоа преовладува над она што е човечко; односно се случува онака како што Павле вели за воскресението: „...дека Животот го проголтува она што е смртно“ (2 Кор. 5, 4), а потоа: „Живеам – не јас, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20).
 
О, колку се величествени Светите Тајни! Колку ли само е возвишено тоа што Христовиот ум се соединува со нашиот, тоа што Неговата волја се меша со нашата, Неговото Тело се нашето и Неговата Крв со нашата! Колку ќе биде возвишен нашиот ум кога со него ќе владее Божјиот, и каква ќе биде нашата волја кога со неа ќе владее Божјата, и какво ќе биде ова земно тело кога оној Божји оган ќе го обземе?! А дека токму тоа се случува, за тоа сведочи апостолот Павле говорејќи како да го нема сопствениот ум, ниту својата волја, ни својот живот, туку Христос му станал сѐ. Зашто вели: „Ние имаме Христов ум“; „Сакате да Го искушувате Христос, Кој говори во мене“; „Мислам дека и јас го имам Божјиот Дух“; „Копнеам за сите вас во љубовта на Исус Христос“. Значи, јасно е дека во Павле е едната заедничка волја со Христос, па врз основа на сето тоа, тој вели: „Не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене“. Толку е совршена оваа Света Тајна и толку е повозвишена од другите; и го доведува човекот до самиот врв на сите богатства, бидејќи тука се наоѓа конечната цел на човековиот подвиг. Затоа што, во оваа Света Тајна Го здобиваме Самиот Бог, и Тој во најсовршено единство се соединува со нас; а кое соединување би можело да биде поцелосно од тоа да станеме еден дух со Бога?

sv.Nikola.Kavasila

Свети Никола Кавасила

 

 За Преминпортал

Блажески Дејан

25ти јуни 2022 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная