·
„Знаеш ли како е, кога ти не ги искушуваш луѓето, а тие тебе те искушуваат?
Кога не ги крадеш, а тие тебе те крадат? Кога ги благословуваш, а тие тебе те проколнуваат?
Кога им даваш милостиња, а тие, за возврат тебе ти нанесуваат неправда?
Ти ги фалиш, а тие те осудуваат? Доаѓаат без никаква причина за да те разобличат, за да можат постојано да те опомоменуваат како опрелестен, до крајот на твојот живот, а ти знаеш дека не е така како што зборуваат. Го гледаш ли сега искушението, кое нив ги поткрева?
Затоа се каеш и плачеш како виновен, зошто всушност тоа и си. Тоа се најтешките искушенија. Додека тие војуваат против тебе, ти војуваш со себеси, за да можеш да се убедиш дека е така како што тие говорат, иако не е така. Кога ќе заклучиш дека си целосно во право, а се уверуваш себеси дека не си.
Тоа е, сестро моја, уметноста над сите уметности и наука над сите науки. Се биеш со стап, додека не се убедиш дека светлоста е темнина, а темнината светлина. За да се изгуби секоја праведност, за конечно да исчезне секое превознесување, тогаш треба при полна свест да станеш будала. Секого да го гледаш, а тебе воопшто никој да не те гледа, зашто оној што станува духовен самиот себе се испитува, и никој друг освен себеси не испитува.
Сè гледа, зошто неговите очи се горе, додека него пак, никој одоздола не го гледа.“
Св Јосиф Исихаст - тогаш старец Јосиф Исихаст
писмо напишано кон својата сестра
Јуни 2022 лето Господово
избор оф фб профил на Православно секојдневие