Востоличен новиот Кумановско-осоговски Митрополит (26.07.2020)
На 26 јули 2020 г., на празникот на соборот на свети архангел Гаврил, во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со архиереите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, отслужи Божествена Литургија, на која беше хиротонисан новоизбраниот Епископ Сарандопорски Григориј, и беше востоличен за архиереј на Кумановско-осоговската епархија. На хиротонијата присуствуваа свештенослужители, монаси и верници од државата.