логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 Имав прилика во мојот живот да сретнувам луѓе кои живееја во атмосфера на некакво постојано чудо, како физичките закони, немоќите на човечкото тело, страстите, што ја колебаат душата, да не постојат, како, ако го кажеме тоа описно, за нив да немаше земјина тежа. Таков човек беше Анастасија, која народот ја викаше „Анастасија која седи“. Таа со луѓето зборуваше во приказни и загатки, но тоа што таа го кажуваше секогаш се остваруваше. Нејзините подвизи ги надминуваат човечките сили, како подвизите на древните столпници. Кога не би видел со свои очи и само би слушал за Анастасија, тогаш би се сомневал во срцето, како што, можеби, ќе се посомневаат и оние што ќе ги прочитаат овие редови. Но уште има живи сведоци – луѓе што го видоа тоа јавено чудо на земјата. Не знам како таа се молеше, дури не знам точно ни дали се причестуваше, само зборувам за она што самиот го видов и го слушав од луѓето, достојни за доверба, како, на пример, игуменија Марија (Соловјова), која живееше во село Ахкерпа со неколку монахињи, после затворањето на нивниот манастир. Ова се зборовите на игуменија Марија: „Тоа што ќе го каже Анастасија, ќе се случи“.

Неколку десетици години во дворот на својот дом, под настрешницата, оваа подвижничка седеше, не станувајќи од место. Назима само се покриваше со долг шал. Спиеше многу малку, обично наутро, наклонувајќи ја главата на колена. Околу неа речиси секогаш стоеше народ. Некои од луѓето ги примаше со особена нежност и ги хранеше од свои раце, а други ги дочекуваше со карање и дури фрлаше камења по нив. Таа постојано зборуваше со оние што се наоѓаа во свет што е невидлив за нашите очи. За неа кажуваа дека во младоста била необична убавица. Мајка и рано умрела и нејзе ја воспитувала маќеа, која ја мразела паштерката, завидувајќи и на нејзината убавина. Еднаш Анастасија ја видел еден гардиски офицер и веднаш одлучил таа да му стане жена. Очевидно, Анастасија му возвратила со иста взаемност и согласност, но не знам точно за тоа. Тој отишол да ја бара од маштеата, но таа под разни причини ја откажувала женидбата и, на крајот, затворајќи ја Анастасија дома, му рекла дека неговата невеста полудела, дека ја врзале и ја одвеле в болница и ја прогласиле за неизлечива, па дека за свадбата веќе нема што да се мисли. Таа вест толку го поразила офицерот, што тој го зел револверот и се застрелал таму, на прагот на нејзината куќа. Анастасија излегла и го видела својот свршеник мртов. Тогаш и почнала да јуродивствува. Влегла во свињарникот и не излегла од таму, хранејки се со помија што ја носеле за животните. Поминало време, Анастасија презела на себе необичен подвиг: седнала во дворот на една ниска клупа и не станувала од тоа место. Кога требало само малку да стане, се потпирала со рацете на два камења, што стоеле покрај неа, но никогаш не станувала на нозе. Поминале десетици години, нозете под колената како да ѝ сраснале и таа веќе не можела со нив да се движи. Во некоја смисла таквиот подвиг е потежок од столпништвото, во крајна мера, столпникот можел да се движи по површината на столбот, да спие потпирајќи се наограда, да слегнува во внатрешната одаја. Освен тоа, обично, столпниците правеле многу поклони. Анастасија, седејќи речиси неподвижно, по сите закони на природата, требаше да умре уште првата зима од смрзнување, но ветерот и снегот, се чини, не дејствуваа на неа, како да е камена статуа. Еднаш игуменија Марија раскажуваше дека дошла кај Анастасија со своја роднина. Анастасија молчејќи го извадила крстот од роднината, го ставила на мајката игуменија и така повторила трипати. Набргу таа роднина на игуменијата и донесла многу тага. Не сакам за тоа да раскажувам подробно: можеби таа жена е уште жива и одамна се покајала за својата постапка.


3.angeli.so.truba

Еден мој познаник – Лев Сакјан, кој сега живее во Ереван и предава философија во Институтот за странски јазици, – ми рече дека кога слушнал за Анастасија, одлучил да ја посети, па замолил од мајка си 10 рубли за да и купи подарок. Неговото семејство во тоа време немало средства, и мајка му протестирала на барањето, но синот настојувал и мајка му со солзи му дала пари. Кога се видовме, тој ми кажуваше дека малку нешто разбрал од зборовите на Анастасија, но самиот тон на нејзиниот глас бил толку проникнувачки и душевен, што го согреал. Простувајќи се со неа, сакал да ги остави парите, но таа му рекла: „Земи ги назад, зашто поради тие пари ќе ми се случи скандал“. Неколкупати сум бил кај Анастасија и колку ми е жал сега што не одев кај неа почесто!

Еднаш тешко се разболе мојата мајка. Дојдов кај Анастасија, и раскажав за својата мака и ја замолив да се помоли за мојата мајка. Анастасија ми даде јаболко и ми рече: „Нека го изеде ова“. Се вратив дома со јаболкото. Колку лесно ми беше на душата! Очекував чудо, и тоа се случи! Мајка ми, откако го изеде јаболкото, уште истиот ден оздраве. Еднаш ја прашав Анастасија како да се спасам. Таа одговори: „На Атон“. Тогаш патот за Света Гора беше сосема затворен, и јас пак ја прашав: „А ако не се најдам на Атон, ќе се спасам
или не?“ Таа одговори: „Не знам“. Но настапи време кога зборовите на Анастасија, кажани како во приказна, се исполнија. Архимандрит Зиновиј (после митрополит) ми кажа дека Патријархот сака да ме ракоположи во свештенички чин и да ме пушти во парохијата во Лагодеха. „Каков пат избираш: на бело или црно духовништво?“ – ме праша тој. Кога дојдов пак кај Анастасија, таа ме сретна со зборовите: „За три дена ќе се искапиш во голема бања“. После монашкиот постриг повторно отидов кај Анастасија. Беше утро. Таа седеше завиткана во шал, како во мртовечки покров, покриена од главата до нозете. Ја повикав по име и не ми одговори. И кажав дека примив монашки постриг и ја прашав како сега да живеам – во одговор – само молчење. Долго стоев покрај неа, но таа дури не се ни помрдна, како пеперутка во непробивна кокона (ларва), во својот црн волнен шал. И си помислив: еве ти го одговорот – биди таков за светот. Но ако тоа беше благословот на старицата, не го исполнив и до денденес секојдневно го менувам подоброто за полошото.

Речиси сите луѓе што ја посетуваа Анастасија раскажуваа како се исполнуваа нејзините пророчки зборови. Кажуваа дека неа неколку пати ја посетувал Патријархот Мелхиседек, но не знам дали е тоа така. Самиот Патријарх беше необична личност. Митрополит Зиновиј ни зборуваше за него: „Него светот не го разбра“.

Раскажуваа дека особено многу луѓе кај Анастасија доаѓаа за време на војната за да ја дознаат судбината на своите блиски. Ако таа подадеше земја, тоа значеше дека човекот е убиен. Имаше случаи кога за време на пост на некој посетител му даваше месо. Тоа ги збунуваше некои посетители, но со самото тоа таа точно кажуваше како го држиме внатрешниот пост, во каква состојба е нашето срце.

Преминувајќи го прагот на куќата каде што седеше Анастасија, човек, се чинеше, од еден, за него вообичаен свет, влегуваше во друг, непознат. Кажуваат дека кога ѝ се разболела сестрата, Анастасија заповедала да ја изнесат од под стреата под отворено небо и во текот на четири месеци се молела, велејќи: „Треба да ѝ се подготви пат“. Заминав во Сухумската епархија и кога се вратив во Тбилиси, ми кажаа дека Анастасија умрела и дека е погребана на горниот дел од Кукиските гробишта. Долго не можев да дознаам каде ѝ е гробот. На крајот, една парохијанка на храмот на Светиот благоверен кнез Михаил Тверски, Вера, се одѕва да ми го покаже местото. Заедно со иконописецот Виктор Криворотов дојдовме на гробишта. Вера ни го покажуваше патот меѓу гробиштата; едни од нив беа обележени со камен или со малечка ограда, а над другите стоеја надгробни плочи, како мермерни куќи. Го замолив Виктор да го црта патот, но тој рече дека има добро визуелно помнење и дека и така ќе го запомни. Стигнавме на гробот на кој имаше наместен крст и се почувствував исто како пред многу години во дворот на Анастасија. Имав чувство како да сум заборавил за сe што ме опкружува, како минатото да станало сегашност, а сегашноста – минато. Ништо не мислев и за ништо не молев, само го чувствував нејзиното присуство, и солзи ми се слеваа по лицето. Виктор и Вера, за да не ми пречат, тивко се оддалечија од гробот и застанаа настрана, не проговорувајќи ни збор. Благодарен сум им за тие минути молчење. Се враќав назад со некакво помешано чувство на радост и тага: радост – од средбата, а тага – од разделбата. По неколку месеци го замолив Виктор да дојде со мене на гробот на Анастасија, но тој ми рече дека, за жал, го заборавил патот. Вера повеќе не ја видов. Неколку престарени парохијани, кои ја знаеја Анастасија за време на животот, ми одговорија дека веќе не го паметат нејзиниот гроб. Има сe помалку мои врсници кои се во живот, како плодови на заостанат грозд, што го колваат есенските птици. Ќе ми ја покаже ли некој куќичката каде што живееше Анастасија, ако уште постои, или нејзиниот гроб? Поминува година по година, како што минуваат сликите на шумите и полињата пред прозорецот од вагонот.

Смртта му се приближува на човекот како волците на патникот, кои прво го опкружуваат во широки кругови, а потоа круговите сe повеќе се стеснуваат, како да се собираат, потоа тие се доближуваат до жртвата и – следи последниот скок...

Не знам дали ќе го најдам гробот на Анастасија, но знам дека, порано или подоцна, ќе го најдам својот гроб и тогаш ќе ја видам на денот на Воскресението на мртвите.

Повторувам дека пишувам само факти, без каква и да е моја лична интерпретација. Ништо не ми е познато за нејзиниот внатрешен живот и за нејзината црковност, затоа ништо не тврдам, само сведочам.

Се сеќавам дека Анастасија имаше ретка икона, насликана на метал, која содржеше неколку изобразби на Божјата Мајка. Таа велеше: „Иконата треба да се откупи“ – можеби сакаше да нe потсети дека иконата во куќата бара молитви, зашто без тоа духовно „откупување“ иконата ќе биде само разобличување на нашата неработа и дека животот треба да биде подвиг.

Се сеќавам и уште на една подробност од впечатоците на Лев Сакјан за Анастасија. Тој ја прашал: „Како да се најде вистината?“ За философот тоа било професионално прашање. Таа одговорила многу просто: „Живејте според вистината и ќе ја најдете вистината“. Ми се чини дека тоа беше најдобриот одговор што можеше да се слушне. Но тој почнал да се распрашува понатаму. Тогаш таа почнала да зборува со својот описен јазик за книгата на животот, која треба да се нарача од библиотека, и тој ништо не ја разбрал. Сепак, одлучил да ја послуша и отишол во најблиската библиотека за да праша за книгата на животот, но таму затекнал две девојки со сосема невпечатливи, како што кажа тој, лица, постојал и се вратил назад, без да праша нешто. За жал, и во овој случај зборовите на Анастасија, како што ми се чини, се оправдаа. Вистината тој почна да ја бара во библиотеките и се воодушеви од штајнеризмот... Сакам да кажам уште нешто за очите на Анастасија. Тие не светеа со онаа мека светлина што ја видов во очите на схимонахот Гавриил. Тие беа слични на зраци или огнови на два прожектора, кои го осветлуваат ноќното небо. Нејзиниот поглед како да го пронижуваше целиот човек, и човек притоа спонтано чувствуваше некој восхит и зачуденост, слично на страв, сфаќајќи дека тој поглед видел сe во неговата душа: неговиот живот, неговото минато и иднина.

На крајот на својот живот Анастасија уште повеќе го засили својот натчовечки подвиг. Жените што ѝ го миеја телото раскажуваа дека таа на својата клупа имала ставено празна конзерва и седела на неа; острите краеви од конзервата ѝ се врежувале во телото речиси до коски, но тоа не гниело.

Поминува времето на животот. Младоста помина како пролет, исчезна во невремето и бурата на страстите, но во тоа време имаше јасни денови кога душата ја чувствуваше духовната убавина на монашкиот живот и како да го мирисаше благоуханието на тајни цветови. Младоста е полна со грешки и гревови, полети и падови, но душата се уште не обраснала со груба и тврда кора, и после гревовите настапува искрено покајание, како крвави солзи кога ја мијат нечистотијата на гревот. Зрелата возраст е слична на лето. Тоа е време за работа на земјоделецот. Човек станува потрезвен и попретпазлив, но едни страсти се менуваат со други, пламеноста на младоста – со пресметливост, со грижи не толку за вечноста колку за утрешниот ден, како небото да станува подалеку, а земјата се повеќе се појавува од маглата. Гревови, изгледа, има се помалку, но и срцето веќе не гори од покајание. Потоа старост – тоа е есен на животот. Тоа е скудна есен, цветовите на пролетта веќе овенале, не давајќи плод, и земјоделецот кој не работел го чувствува гладот што се наближува – набргу ќе настапи зима. Околу мене се луѓе кои мислат дека сум подобар отколку што сум навистина.

Тие се добри кон мене, благодарен сум им, но јас повеќе сакам да разговарам со мртвите отколку со живите, со оние кои ме престигнаа на патот од временото кон вечноста.

 

Извадок од книгата

 3.angeli.so.truba

 

 

 Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/anastasija-koja-sedi-arhimandrit-rafail-karelin/

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная