Поука на денот: Свети Никола Кавасила
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он,
една по една ги отстранил сите пречки:
онаа на природата – преку Своето овоплотување;
онаа на гревот – преку Својата смрт;
онаа на смртта – преку Своето Воскресение.
Ете зошто светиот апостол Павле пишува: „последниот враг за уништување е смртта“ (1 Кор. 15, 26).