Отец Павел Великанов: Смртта како тајна на ново раѓање (28.08.2015)
Религиозната вера, а особено христијанската, во суштина претставува излез од ќорсокакот на смртта. Ако Христос не воскреснал, празна е нашата вера – вели апостолот Павле. Ако сите наши „акции“ се овде, во овој материјален свет – ние сме веќе банкроти: смртта ќе ги симне на нула сите наши сметки, колку огромни или ништожни да се. Затоа смртта претставува определен „момент на вистината“ за животот, она што го утврдува неговото значење и вредност – колку и парадоксално да звучи.