Во „земјата Гадаринска“ пронајдени натписи на арамејски
20 декември 2015 лето Господово
Израелските археолози направија восхитувачки,223983.p.jpg да не кажеме сензационален пронајдок на североисточниот дел од Тиверијадското езеро, во „Гадаринскиот крај, спроти Галилеја“ (Лука 8, 26). Имено тука, преминувајќи го со учениците Тиверијадското море, Господ го исцелил Гадаринскиот демоноопседнат и стадото на свињи во коишто се вселил прогонетиот легион на бесови, се фрлило од карпата во морето. Овде се наоѓала и населба, чиешто постоење сега е потврдено од научниците.
За постоењето на древната населба на североисточниот брег на езерото, стана познато во 60 – тите години кога проф. Авнер Рабен од Хаифскиот Универзитет и Мендел Нун од Кибуц Еин – Гев, под водата нашле остаток од поголем насип. Нешто потаму биле пронајдени и остатоци од град со карактеристики типични за византискиот период – V век од нашата ера. Наглото намалување на нивото на езерото во наше време, му создаде можност на директорот на ископувањата др. Хаин Коен да се врати кон проучувањето на насипот. Таму и беше пронајдена мермерната плоча со размер од приближно 70 на 150 см., со натпис на арамејски, напишан со хебрејски букви.
Судејќи според големината на плочата која датира од V век, и според тоа што специјалистите успеаја да го прочитаат, станува збор за спомен-плоча во чест на некој човек: Текстот започнува со зборовите „Захрин Летов... “ (добар спомен). Добро се читаат и зборовите „амен“ и „Мар Марија“. Ова последново според мислењето на некои научници, означува „Св. Марија“.
„Еврејската населба на источниот брег на езерото Кинерет е голема реткост“, вели проф. Арци. „До ден денес кај нас немаше никакви докази дека еврејските населби, коишто исчезнаа со тек на време, всушност постоеле во текот на тој период на брегот на Кинерет, со исклучок на Мигдала (Магдала)“.
Освен тоа што натписот сведочи за еврејските корени на оваа населба, тој е уникатен и во друг поглед – тој е всушност прв од ваков вид пронајден во земјата.
Мнозинството на плочи со натписи од овој период, биле составени од мозаици, вѕидани во подот на објектите, додека овде зборуваме за прв натпис на мермерна плоча нарачана специјално од Грција.
Извор: Православие.ру
Преземено од. Бигорски манастир