На 27.12.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештениците од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија