На 28. 12. 2015 лето Господово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, го посети Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје и на штитениците им подели новогодишни пакетчиња и пригодни подароци. По ова, митрополитот, заедно со директорката на Домот, г-ѓа Ристенка Атанасова и штитениците, беа на кино претстава во киното Cineplexx во City Mall, а исто така и куглаа заедно во кугланата Bo Bowling. Ова целодневно дружење беше потмогнато од Тетовско-гостиварската епархија и благочестивото семејство на Доне и Клаудија Прентоски од Германија. Радоста и среќата на штитениците на Домот беше евидентна поради денешните активности и дружењето.
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епаргија