Бог често не одговара на нашите молитви. Тој молчи. Неговото молчание за многумина претставува знак, дека „Бог не постои“, дека „Бог умре“. Но, ако би размислиле, во каква положба го ставаме Бога со нашите страсти, би виделе, дека Тој нема друг пат, освен да молчи.
Ние бараме од Него да застане на наша страна во нашите неправди. Тој не не обвинува јавно, не остава да одиме по нашите зли патишта и да ги жнееме плодовите од соптствените гревови. Но, ако се обратиме кон Него со покајание, Тој доаѓа брзо, побрзо, отколку што можеме да очекуваме.
Старец Софрониј Сахаров
Извор: Преспанско- пелагониска епархија