Букет од цвеќиња од Илија, најмал од презвитерите и Екдик
218. Оној што не се моли со внимание, тој е расеан во својата молитва, на него псалмот му е неразбирлив, како да е на друг јазик, а и тој самиот за псалмот – останува туѓ (1. Кор. 14, 17). Демоните од сето тоа си прават подбивање.
219. Не е сѐ едно – дали му е светот распнат на светиот или – тој му е распнат на светот. Зашто за едни, клинци се – постот и бдеењето, а за други –