Поплака
Не престануваат молњите
А уште помалку искрите,
Нема крај на приговорите
И така во недоглед се неволјите.
Магнет ли сум јас за камењата
Или ги привлекувам туѓите мислења –
Вага ли сум за сечија тежина
Јас кој не можам да ја носам својата сопствена.
Сигурно заслужив да бидам фрлан од брег на брег,
Далеку од тоа да се замислувам маченик
Но незнам каде треба да биде мојот бег,
Од погледот на другите како во стакленик.
Разумот го повикувам од мојата внатрешност,
Нели ќе се најде решение за мојата потиснатост,
Барем малку да земам здив
Помеѓу брановите на мојот живот,
Та немирот да стане одминлив,
Како натпис кој плови на нечиј кивот.
Истоштеноста ме опфака со своите нокти
Гребе дел по дел од мојата снага,
Кон Тебе повикувам: кажи,
Кој ми ја наметна ова лага,
Кој ме убедува дека заслужувам подобро
Да се однесува кон мене времето,
Кој ми шепоти дека друг треба да ми го носи бремето ?
Судбината ли ќе ја проколнувам,
Таа вештерка на одминато незнаење,
Или ќе успеам да ја доловам
Мудроста на Твоето човекољубие,
Која од заборавот на мојот ум
На ветеност ме потсетува мене скаменетиот:
Никогаш немој да се занесеш
Дека ке добиеш товар повеќе од оној кој можеш да го понесеш.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: