логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
Почитуван мој!

Го добив твоето писмо и длабоко сочувствував со тебе. Имам многу да ти пишувам поради твоите сомнежи и жалости, но не сум вешт во пишување. Ти си го одбрал животниот пат кој во наше време е необично тежок, и – ако издржиш до крај – за сите свои неволји ќе добиеш (малку се зборовите) милион пати поголем надоместок, па дури (да не речам – ќе заборавиш) да жалиш што тие биле – премногу мали… Можеби ќе ти изгледа чудно, но така е. Јас сум длабоко уверен, дека големите христијански маченици уште од секогаш жалеле затоа што премалку страдале и што не можеле да возвратат на љубовта со која биле должни да Го засакаат Бога. А љубовта се докажува на  дело за да му се угоди на саканиот, колку и да се бараат жртви од нас. Колку е посилна љубовта, толку е поголем стремежот таа да се докаже… а небесната љубов може да се докаже само со жртва. И како што вистинската љубов нема граници, така нема граници и жедта за саможртвување како доказ за љубовта. Кој Го љуби Бога, тој сака и да страда за Бога, и – во рамките на неговата љубов – расте и неговата желба да претрпи сè, само Господ да не се оддалечи од него и за да му стане поблизок. А човек не може, а да не Го љуби Господа, кога му се приближува, поточно кога Господ нему му се приближува.

Може да се претпостави дека оној црв што не спие и неизгасливиот оган во идниот живот се – бесконечна жалост на срцето поради тоа што имало време кога било возможно да се докаже љубовта кон Господа, да се претрпат разни страдања поради Него, но и со вера во Него меѓу сите сомнежи, среде сите стравувања, духовна осаменост, свест за сопствената немоќ, слабост и др., затоа што имало време, а ние ништо од тоа не сме сториле… Види, овде, на земјата, можно е и потребно е да се докаже својата љубов кон Господа со внатрешна одлука:
„Ќе верувам во Тебе, и ќе ги исполнувам со сите сили Твоите заповеди, ќе страдам со вера во Тебе, ќе се одречам од сите и од сè, од личниот живот и од ближните свои, само Ти Господи, не се одрекувај од мене, не дозволувај да изгубам вера и храброст, и не дозволувај да Ти негодувам, ако ме снајдат премногу тешки жалости и страдања или на моите ближни, дарувај ми да Те засакам со сето срце!“



Ако си во такво расположение, ќе ти биде лесно да поминеш низ својот животен пат. Ако, пак, се двоумиш, и дозволиш сомнеж во срцето, ако се затемниш свесно нарушувајќи ги заповедите Божји и ја ослабиш својата духовна сила, ако не Го повикуваш постојано Господ на помош, а особено, ако се погордееш и се надеваш на своите сили – тогаш ќе паднеш и прекумерно ќе си го отежниш животот. Но и тогаш не губи надеж, и уште повеќе смирувај се и целата надеж остави ја во Господа, и на Неговото милосрдие и на Неговата помош.

Тоа е вистинско настроение, но, без опит, без паѓање и кревање, не можеш да се удостоиш со него[1].

Тоа се одликува со длабока свест за својата слабост и немоќ да се живее онака како наложуваат заповедите Божји, да се сака Бог онака како што Тој нè засака. А од оваа состојба се раѓа чувството на понизност, на плач и осознавање за неиспатливиот долг кон Господа – срце смирено и понизно, кое Бог нема да го уништи, и од кое ќе се роди онаа љубов кон Бога за која говорев на почетокот. Со сопствена волја и желба сè уште не може да здобиеме љубов, туку со живот воден по заповедите, со покајание, со плач поради своето паѓање, со длабока понизност поради тоа што наместо да Го љубиме и да Му угодиме на Бога, секогаш ја нарушуваме Неговата света волја.

Од плачот и понизноста се раѓа стравот Божји, поточно страв да не Го навредиме Бога, а потоа се јавува чувство за Божјото присуство, како што кажал преподобен Давид со зборовите: „Го презрев Господа со мојот грев…“, следи решеноста подобро да се умре отколку да се навреди Господ и да се лиши човекот од Неговата блискост, за потоа да добива сила во непријатностите, не само спокојно да ги поднесува, туку и да благодари за нив – а срцето ќе почувствува радост поради очистување по патот на непријатностите и задоволство што може да трпи поради Бог и преку тоа да Го возљуби. „Со што да Ти возвратам, Господи, за сè што си ми дал?!?“

Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!

Прости ми поради многуте зборови и поради доцнењето на писмово, но твојата несреќа ме натера да ти пишам. Се надевам ќе ти биде од корист и ќе ти послужи за утеха.

Пријателе мој, едно те молам: никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паднеш и колку да згрешиш и да Го навредиш Господ (Господ нека те чува), но како блудниот син, моли Го за прошка и секогаш труди се повторно да живееш по заповедите. „Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!…“ Кој оди кон Господа исполнувајќи ги заповедите, ако на патот падне, а потоа стане и оди напред, се наоѓа меѓу војниците Христови и од Христа ќе биде возвеличен, дури и да се здобил со многу рани поради духовната борба со своите страсти, со својата падната природа и бесовите.

Господ нека те вразуми, нека ја зачува твојата вера и твојата добра волја, нека те сочува од секое зло.

Господ нека те благослови.

[1] Падот со помислите е неопходен за познавање на себеси, својата немоќ, неподготвеноста за Божјото Царство; а преку нив се доаѓа до смирение, покажувајќи дека сам човек, со својата моќ не може духовно да расте, туку е должен постојано да повикува кон Бога за помош, да се повикува на Светите Тајни и на сè она што ни го дава Светата Црква. За духовно созревање помага читањето на Светото Писмо (Новиот Завет и светите отци). А уште подобро е ако имаме духовен раководител, но тие денес се ретки и приморен си да бидеш сам, раководејќи се со читање и молење, барајќи помош од Господа и светите угодници.

Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, стр. 24-26

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная