Скопје, 12-ти август 2018 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј н.Криви Дол
На 12-ти август 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Пренос на моштите на Свети Климент Охридски;Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на светиот
Климент Охридски
9 август / 27 јули
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја;
со делата си се издигнал преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат со вера кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Заради тоа го славиме
твојот божествен спомен, Клименте.
На 12.08.2018 година, кога МПЦ-ОА го прослави споменот на пренос на моштите на Свети Климент Охридски;Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник, презвитер Горан Тасески отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Слика на надворешните, сетилно-телесните подвизи е Стариот Завет, додека Светото Евангелие кое и е самиот Нов Завет, слика е на собраноста на умот и на чистотата на срцето.
Свети Макариј Велики
Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: ‘Вкусете и ќе видите колку е благ Господ’ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот којашто се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот... Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра. Ете затоа благодатта и ги проникнува сите делови на телото.
Преминпортал (к.т.)