Свети Ефрем Сирин
„Царството Божјо е внатре во вас“(Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него...
Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него; Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе. Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште.
Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце.