Божествена Литургија во манастирот на св. Никола (19.02.2017)
Со своите сопствени раце ги поткопуваме темелите на нашето општество и создаваме предуслови за разорување и обесветување на сѐ. Нашето младо поколение денес најмногу страда и пати поради тоа што, ние, постарите, му предаваме и му оставаме во наследство едно заболено „општество“, обезбожено и материјализирано, затруено со саможивост и безнадежност. архимандрит Георгиј Капсанис
Нe грижeтe сe какo или штo ќe збoруватe... бидeјќи Духoт на вашиoт
Oтeц ќe гoвoри вo вас (Мт. 10:1920).
Oва сe збoрoви на Oнoј Кoј знаe сè и Кoј oбјавил на свeтoт знаeњe штo никoј прeд
Нeгoвата пoсeта нe гo знаeл.
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.
Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.
Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.
Во историјата на блудниот син секој грешен човек може, а и должен е да се согледа себеси и својата судбина. Да ги согледа своите заблуди, престапи, отстапки, а во исто време, и можност да се врати од сите тие погрешни патишта. Секој човек е должен да ја чувствува благодатта и радосното престојување во домот на својот родител. Но, не само да ја чувствува родителската љубов, туку, истата и да ја ползува.
Како што една дупка во конзерва предизвикува таа да се расипе бидејќи навлегува воздух, така и само една горда помисла, ако помине во нашата глава тогаш главата се полни со високомислие, та добродетелите стануваат неупотребливи.
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели...
Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 4 февруари 2017 година, во просториите на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше одржано собрание на кое се основа здружение на професорите по предметот Етика во религиите, кое беше именувано со називот „ПРОСВЕТЛЕНИЕ“.
На 04.02.2017 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј,...
Никој не оди на лекар за да му се пофали со своето здравје, туку за да му го покаже скапаното место во своето здравје. Исто така, никој не оди кај исповедникот, за да му се пофали со својата праведност, туку за да му покаже некоја опасна пукнатина на својата праведност.
“ Тогаш Господ им се обратил на Апостолите, но тоа важи и за сите нас, кои сме Христијани, потсетувајќи нѐ на таа голема одговорност: да бидеме светлина. Зашто Он Самиот е Светлина, па така и сите што ќе поверуваат во Него треба да бидат светлина. И како што ѕвездите ја подражаваат светлината на сонцето, така и ние луѓето треба
’Ете какви се страстите. Додека се мали, ако сакаме, можеме со леснотија да ги пресечеме. Но занемарени, стануваат силни. И што повеќе јакнат толку поголем напор бараат за да бидат совладани. А доколку пораснат премногу, ни со напор нема да можеме да ги отсечеме, ако не добиеме помош од некои од светителите што нe застапуваат пред Бога’."
Благоразумниот, бидејќи ја разбрал исцелителноста на Божествените судови, со благодарност ги поднесува сите казни кои што според нив го снаоѓаат, не сметајќи никого друг за нивен предизвикувач освен своите гревови.
Сите ние, треба длабоко во себе да ја осознаеме нашата огревовеност и духовно несовршенство, па со срце скрушено и со мисла покајничка да посакаме да Го видиме Господа. Да ги отвориме нашите духовни очи, за да ја видиме Божјата семилостивост и љубов кон сите нас. Да Го побараме Бога во нашите души, како што Он не бара нас, кога сме загубени во гревот и злото.
Преблажени отче Гавриле, достојно си ја примил честа рамноангелна и, стоејќи пред Бога со бесплотните (сили), не заборавај нѐ и нас, кои твојот чесен спомен го славиме, туку погледни од небесата и пушти ни ја твојата светлина, та радосно да ги прославиме твоите чудеса.
Отче Гавриле чудотворче, гледајќи ги Бог твоите бројни подвизи и напори...
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”.
Во издание на црквата Свети Григориј Палама и Свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Струмички г. Наум, досега се издадени седум тома од Житијата на Светиите, за месеците: јануари, февруари, март, април, мај, јуни и јули. Во подготовка за печатење е и осмиот том за месец август. Изданијата ги подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.
“Исправи се себеси, и ќе станеш животен пример. Многу повеќе се говори со животот отколку со зборовите, кога ќе видиме животен пример, душа која е мирна, тивка, кротка, смирена, можеш и да ја испоудриш, а таа те жали што така се нервираш. Малубројни се на земјината топка смирените и кротките, поради смирените и кротките Бог нам ни дава благослов.“