Скопје, 18.06.2017- Соборен храм на св. Климент Охридски
на празникот на светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преподобен Теодор Пустиник;
Преподобен Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;
Старец Ефрем Филотејски
Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.
На 18- ти јуни 2017 година, кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преподобен Теодор Пустиник; Преподобен Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски, во соборниот храмот на св. Климент Охридски, во Скопје, свештеникот Зоран Копчаревски во сослужение на свештеникот Горан Трајковски, протоѓаконот Антонио Дујовски, ѓаконот Павле Малинов и Јован Пачемски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во текот на Литургијата свештеникот Зоран Копчаревски толкувајќи го денешното Евангелие за тоа како нашиот Спасител ги повикал на апостолска служба двајцата браќа Петар и Андреј и синовите на Заведеј, Јаков и Јован. произнесе исклучително значајна беседа.
Во 2017 год:Објава на одлуката на Свештениот Синод на МПЦ-ОА, прочитана од Преосветениот Епископ Хераклејски, г. Климент. За ден на празнување на неговиот спомен е одреден денот на неговото упокојување, 12 јануари и денот на неговата канонизација, 28 мај.
Преминпортал (к.т.)