логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 4- ти јули 2017 година, им додели сертификати на курсистите кои го положија завршниот испит во вториот турнус од бесплатниот курс за изучување руски јазик, во кој беа обучени 600 кандидати на основно, средно и на напредно ниво. Слушателите на курсевите имаа можност да добијат знаења од домашни, но и од руски предавачи.

„Рускиот амбасадор во Македонија Олег Николаевич Шчербак истакна дека е задоволен од големиот интерес за изучување на рускиот јазик во Македонија, но и во светот, посочувајќи дека рускиот не само што е јазик на светска култура, литература и музика, туку е и јазик на најнапредни технологии меѓу кои се и вселенските истражувања и интернетот.
-    Рускиот јазик е јазик на иднината. Бесплатните курсеви во Рускиот центар се уникатна можност за сите кои сакаат да допрат до духовното богатство и милениумската култура на Русија, да добијат важна конкурентна предност која секогаш ќе им биде корисна од професионален аспект, рече Шчербак, додавајќи дека посветеноста на УКИМ кон културата на други земји е гаранција за натамошно успешно зацврстување на неговиот меѓународен углед. - Многу високо ги цениме вашето однесување кон Русија и рускиот јазик и би сакал да ве убедам дека од своја страна Руската амбасада ќе даде сѐ од себе за да продолжи со поддршка на курсевите по руски јазик во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нагласи рускиот амбасадор.“

 

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Николаевич Шчербак:

Драго ми е да се најдеме со Вас во најстариот универзитет на Македонија поради многу убав повод - доделување на завршпи сертификати за курсеви по руски јазик организираии во „Рускиот центар“ на УКИМ. Денешната церемонија е каратеристична пред сѐ со тоа дека меѓу новите апсолвенти не се само оние кои неодамна го почнале својот пат во совладување руски јазик, туку и оние кои го изучувале претходно и одлучиле да ги зголемат постоечки познавања. Сите ние сме искрено задоволни со успешната работа на курсевите, бидејќи познавање на странски јазици, меѓу кои е и рускиот, во современиот свет е исклучително важно за проширувањето на човечкиот поглед, запознозавање со разноличноста на многу неедноставниот свет кој нас нѐ опкружува и зацврстување на заемно разбирање меѓу луѓето.
Бесплатните курсеви при „Рускиот центар“ е уникатна можност не само за да се допре до духовното богатство и милениумската култура на Русија, туку и да се здобие со важна конкурентна предност кое секогаш ке биде корисна од професионалниот аспект. Рускиот јазик е јазик на светската литература, музика, наука, напредни технологии вселенски истражувања, интернет и уште многу различни сфери. Покрај тоа, ова е официјални јазик на најголемата земја во светот, еден од службените јазици на ООН на кој што комуницираат над 300 милиони луѓе низ светот.

На крај, рускиот е најпроширен јазик во светот од број на оние кои што се врз основа на кириличната азбука која, како што се знае, дојде во Русија од македонските земји. Токму во рускиот јазик сега најголемо и географски најшироко е претставено духовното наследство на свети браќа Кирил и Методиј кои се темел на нашиот заеднички културен код.

Искрено сум благодарен на раководството на универзитетот за прекрасни услови кои што се создадени за реализирање на толку важен хуманитарен проект како што се курсевите по руски јазик. Нивната дејност ги продолжува и унапредува собраните во универзитетот богати и успешни традиции  промовирање на повеќе странски јазици, меѓу кои се англиски, француски, германски, чешки, полски и други јазици. Убеден сум дека толку внимателно и учтиво однесување кон културата на другите земји е гаранција за натамошно  зацврстување на светскиот углед на вашиот прекрасен универзитет.
Од се срце им го честитам на сите сегашни апсолвенти на курсевите по руски јазик успешното завршување на редовниот учебен циклус. Им посакувам здравје и успех. Длабоко му се заблагодарувам на директорот исто така и на професорите за нивниот ентузиазам и стрпливост, висок професионализам, одговорен и креативен пристап кон работата. Од своја страна Амбасадата и понатаму ќе продолжи со сестрана поддршка за курсевите по руски јазик.
Ви благодарам за внимание!

 

Преминпортал (к.т.)

Друго:



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

27/01/2026 - вторник

Св. Нина, просветителка на Грузија; +Св. Сава, архиепископ Српски; Преп. маченици Синајски и Раитски; Св.. Илариј, епископ Поатиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 28 јануари/15 јануари   2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 28 јануари/15 јануари 2026

Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,Христов ученик да се наречеш,затоа што светот и неговата прелага ги остави,и душата своја...

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци  27 јануари/14 јануари  2026

Тропар на светите Христови подвижници и маченици Синајските и Раитските отци 27 јануари/14 јануари 2026

Безводната пустина стана извор благодатенод вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,бања за искупување и семе за нови христијанипослужи крвта...

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски  26 јануари/13 јануари  2026

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски 26 јануари/13 јануари 2026

Радувај се народе за кого пред ГосподаЈаков свети се моли, подвижникот Христов,скротувачот на пустината,со Божја благодат телото го смири,епископ милостив...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная