Призив на Светиот Дух при започнувањето на новата академска година
На 18.09.2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во црквата посветена на светиот Јован Крстител отслужи молебен за почеток на новата академска година.На молитвениот собор присуствуваа Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, ректорот на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, поранешниот ректор на истиот Универзитет, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“,




На 15.09.2017 година, ученици од училишта во тетовско заедно со вероучителот ѓаконот Илија Деспотовски го посетија Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во седиштето на Тетовско-гостиварската епархија. Во оваа пригода им беа донирани ранци и училишен прибор. Митрополитот г. Јосиф им посака успешна и благословена учебна година.
Во периодот од 12 до 14 септември 2017 година во Костанца, Романија беше одржан меѓународен симпозиум на тема: „Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска. Форми на организација и лидерство низ вековите“, на кој учествуваа теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент.
На 10 септември 2017 година, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент, изврши осветување на новоизградената црква „Светите Кирил и Методиј“ во Велес.
На 11.09.2017 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната главата на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф го преосвети храмот на свети Јован Крстител во Кратово и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината (Јован 1,6-8). И затоа сега Свети Јован има таква слава, слобода и сила, да им дарува радост на оние што за неговиот величествен подвиг со молитва и љубов си спомнуваат.
Денешното свето Евангелие прочитано на Божествената литургија во овој свет храм посветен на светиот Атанасиј Велики во с. Брвеница говореше за параболата за лошите и неблагодарни лозари, кои испаднале предавници. Параболата е сликовита. Еден домаќин дал лозје под наем. Многу пати праќал слуги да ја наплатат наемнината, но наемниците ги убивале сите слуги. Потоа конечно го пратил и својот син, мислејќи дека ќе го почитуваат.
Црквата Господ ни ја оставил како Негово благодатно присуство на земјата во која сите ние се собираме (воцрквовуваме) и постануваме едно меѓу себе и со Христос, т.е. стануваме обожено тело Христово. И како што е едно телото Христово, така е и една Црквата, според зборовите на Св.ап. Павле : И како што телото е едно, а има многу делови, и сите се делови тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се. … и уште: Вие сте телото Христово,
Она што е особено важно да се нагласи – е тоа што за оваа наша прослава слушнаа и останатите народи во Австралија, како и Помесните православни цркви, кои испратија свои преставници на свечената прослава да ја споделат нашата радост. Посебно Руската Задгранична Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Австралиско – новозеландски г. Иларион испрати своја телеграма, која беше прочитана на прославата од нивниот преставник
Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно земните идеи, туку, да го следиме Христа.-
"Значи, дојди, мој возљубен сине. Дојди, макар на еден ден, за да беседиме за Бога и да богословиме и ќе се насладиш со она за што мечтаеш. Дојди, за да ги слушнеш овие диви карпи, тие таинствени и молчаливи богослови, кои ќе ти изложат своите длабоки мисли и исповедите на твоето срце и умот кон нашиот Создател.























