Крстопоклона Недела во Радовиш (11.03.2018)
На 11. 03. 2018 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, Св. порфириј Гаски, св. мч – ци Севастијан и христодул, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Свети пророк Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.


На 10.03.2018 година, Митрополитите Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Европски г. Пимен и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужија Панихида во Лешочкиот манастир во чест од 173 години, од упокојувањето на игуменот на Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ. На панихидата присуствуваше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Република Македонија г. Даријан Сотировски..
Деновиве излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум, „Пастирски пристап или поистоветување“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.
Нашата небесна Закрилничка, Сепречистата Владичица Богородица, чедољубивата Мајка на родот христијански, и овој Велик Пост, преку чудотворната Своја икона Скоропослушница, ја покри нашата Татковина – a особено Струмица – со покровот на Нејзината Божествена љубов. Пред точно една година нè посети Таа благодатно со ...
Во овој ден празнуваме неседална песна - Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји.
Во петокот од третата седмица од Великиот Пост, 9 март 2018 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови.
Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ќе страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозје и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
Тројна радост ја грееше овие два дена светата Обител на Победоносецот Георгиј во Рајчица. Воскресното богослужение соединето со песнопенијата за великиот тајник на Божествената благодат – Св. Григориј Палама, како и споменот на незаборавниот син на блаженото послушание, Преподобен Доситеј, испушаа зраци на небесна сладост и спокојствие.
Во петокот, на 2 март, о. Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“.
“Какo штo чoвeкoт oд утрoбата на мајката излeгува гoл, така и душата oд тeлoтo излeгува гoла. Eдна душа e чиста и свeтла, друга e извалкана сo грeвoви, а трeта e пoцрнeта oд мнoгу грeвoви. Какo штo, излeгувајќи oд утрoбата мајчина, на ништo нe сe сeќаваш, штo ималo вo утрoбата, така, излeгувајќи oд тeлoтo нeма да сe сeтиш на ништo штo билo вo тeлoтo.
Радувај се, Дево, Ти која го роди божествениот Младенец; Радувај се, Јагне кое го роди Јагнето Божјо кое на Себе ги зема гревовите на светот; Радувај се, Очистилиште топло.
Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот
Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно.
Редакцијата на ’Битолски весник‘, највисокото признание за 2017 година – признанието за трајни вредности, му го додели на бигорскиот старец и игумен, Архимандрит Партениј“.
Во првата недела од Великиот Пост, на 25 февруари 2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го слави споменот на св. Мелетиј Антиохиски и св.Алексиј Московски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје,свештеникот Драган Јанковски во сослужение на свештеникот Константин Стевковски и ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Духoвнитe луѓe судат пo духoт, а тeлeснитe пo тeлoтo. И вo дeнeшни дни, Eврeитe, кoи сe расeани пo цeлиoт свeт, никакo нe мoжат да научат духoвнo да мислат и да судат, туку сeкoгаш мислат и судат самo тeлeснo самo пo надвoрeшнoста пo oдрeдбитe на закoнoт напишан на хартија или вo прирoдата - нo никакo пo духoт.
- А тиe пo нив?























