Умилителна вечерна на простувањето
Дојдовме, најпосле, на прагот од Светиот Пост, во самото негово навечерие, кога Црквата упатува повик до секоја човечка душа да тргне по ова благословено четириесетдневно патување. Денес една тивка благодат засветли и ги допре сите срца, кои жедни за духовен подвиг, сега смирено стојат пред самите двери на ова благопријатно време.


Простувањето е примање на Бога во себе. Простувањето е врата, која ако простиме, ја отвараме и во срцето Го примаме Бог и оној на кого сме му простиле. Но ако некому не простиме, значи дека Христос е надвор од нашето срце и ние немаме ништо со Христос.
Удостој ме, Добротвору, да Те примам со духовните раце, како Симеон во она време, и да се насладам со Твојата добрина, зашто Ти си единствената моја желба и наслада. Откако со љубов духовно ќе ги запалиме сите свеќи на добродетелите, заедно со Симеон и Ана да Го пресретнеме Христа, Кој сака да дојде да ги освети оние што Го воспеваат.
На 15.02.2018 на празникот Сретение Господово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештениците од тетовското архиерејско намесништво богослужеше Златоустова литургија во соборниот храм свети Кирил и Методиј во Тетово, на литургијата верниот народ се причести со светите тајни.
На 8 февруари 2018 г. во просториите на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен оствари работна средба со директорот на Агенцијата г. Никола Шалваринов, во насока на продлабочување на досегашната соработка, и понатамошно заедничко делување
И сега браќа архиереи од ГПЦ да ве прашам на денешен:
„Благодатта се иѕлеа врз твоите усни, себлажен проповеднику Христов Тимотее, и направи да течат реки од догмати, кои ја напојуваат Црквата Христова, и кои принесуваат многубројни плодови, богомудар апостоле“ (песна од Канонот на Утрена на свети апостол Тимотеј).
На празникот посветен на св. Атанасиј Велики, Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Повардарски г. Агатангел отслужи Божествена Литургија во храмот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Скопје, притоа одбележувајќи 10 години од неговото осветување.
„Отфрли го гревот и ќе нема болести, зашто болестите кај нас настануваат поради гревот, како што тврди свети Василиј Велики. Од каде таа немоќ? Од каде се телесните повреди? Господ го создал телото, а не болестите, душата, а не гревот. Што е најполезно и најпотребно? Соединувањето со Бог и општењето со Него, со посредство на љубовта.
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува сe дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија.
Со горделивоста се уништува секое добро, а со смирението се истребува секое зло: верни, да го прегрнеме смирението и да се гнасиме јавно од лажната слава. При богатсво од добродетели, горделивоста нѐ осиромашува; напротив, и кога сме лишени од нив, смирението нѐ збогатува и нѐ оправдува, затоа и ние го придобиваме.
Чисто ги советувал, користејки го познавњето на Светото Писмо, велејќи им: Луѓе слушајте ваму, каков век иде, што пишува во Евангелието? Најпрво ќе исушат бресјата, ќе загинат водите, ќе има војни, поштујте празниците, немојте да го кодошите комшилукот... Распламтени со љубов кон Бога, некои од нив подоцна и се замонашиле. Еден од нив, Спасо, во монаштвото Софрониј, бил од Ракотинци и служел во манастирот заедно со архимандритот.
На eдна плoча вo црквата “Св. Сoфија” билe врeжани збoрoвитe: “Изми ги грeвoвитe свoи а нe самo лицeтo”. Кoј и да влeзeл вo таа славна црква гo читал oвoј натпис и сe пoтсeтувал дeка христијанската вeра бара oд нeгo мoрална чистoта: чистoта на душата, на срцeтo и на умoт. Нo какo штo e вo срцeтo духoвниoт чoвeк, така и Гoспoд рeкoл: “Блажeни сe чиститe пo срцe”.
И на тeлeсниoт вид му e јаснo дeка куќата нe e дoмаќин, туку самo куќа вo кoја живee дoмаќинoт;
На 19 јануари 2018 година, кога Црквата го слави Крштението Господово – Богојавление, во соборниот храм на Свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.
На 18 јануари 2018 година, во навечерието на Богојавление, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Василиева Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.
На 18.01.2018 година, Водопост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот „Пресвета Богородица“ во Тетово, служеше Света Василиева литургија со вечерна богослужба, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите Христови тајни. 























