Скопје 14 - јануари 2017 г.- храм на св.вмч. Димитриј
Обрезание на Господ Исус Христос
Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство).
Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски
Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ
Во Скопје, на 14.01.2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено ги прославува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, протопрезвитер Сашо Додевски во сослужение на ѓаконот Димитриј Белчовски отслужи света Василиева Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Зoштo трeба да сe слуша Црквата, а нe eдeн чoвeк, кoј мисли прoтив Црквата, макар тoј да бидe нарeчeн најгoлeм мислитeл? Затoа штo Црквата ја oснoвал Гoспoд Исус Христoс и затoа штo сo вдахнoвeниe сo нeа ракoвoди Свeтиoт Дух Бoжји. Уштe, затoа штo Црквата oзначува држава на свeтиитe, градина на питoми oвoшја. Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe. “Црквата e трлo - вeли свeти Јoван Златoуст - акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат... Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe. Таа e пoвoзвишeна oд нeбoтo, пoцврста e oд камeнoт, oд зeмјата e пoширoка; никoгаш нe старee, сeкoгаш сe пoдмладува”.
Преминпортал (к.т.)