Божествена Литургија во спомен на св. Серафим Саровски, храм на св.Петка, Скопје (15.01.2018)
Отстрани го гревот, и болестите ќе се отстранат, зашто ни се даваат за гревовите.
Кој ги поднесува болестите со трпение и благодарење, тие му се сметаат наместо подвиг, па дури и повеќе.
Од лебот и водата уште никој не се пожалил.


Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe. “Црквата e трлo - вeли свeти Јoван Златoуст - акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат... Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe.
На 11. 01. 2018, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува споменот на + Преподобен Гаврил Велички; Светата маченичка Анисија; Преподобна Теодора Цариградска; Светиот апостол Тимон; Преподобна Теодора Кесариска; Преподобниот маченик Гедеон; Свети Дионисиј Закински, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба.
Приказна за бoжeствeнoт Младeнeц Христoс. И двајцата гoлeми прoрoци, Исаија и Eрeмија, прoрeклe дeка Гoспoд ќe дoјдe вo Eгипeт и дeка oд Нeгoвoтo присуствo ќe сe трeсат идoлскитe храмoви и идoлитe ќe сe разурнуваат. Исаија пушувал: Eтe, Гoспoд ќe дoјдe вo Eгипeт и прeд лицeтo Нeгoвo ќe затрeпeрат идoлитe eгипeтски (Иса. 19:1; Јeр. 43:12). Кoга бoжeствeнитe бeгалци стасалe вo градoт Eрмoпoл (Каирo) и таму сe ...
"Собор на Пресвета Богородица"
Утрово со Василиева Литургија беше прославено Раѓањето Господово во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. На Литургија чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија. Покрај верен народ, во храмот присуствуваа Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов и Градоначалникот на град Скопје г. Петре Шилегов.
На 06 јануари, денот спроти Рождеството Христово, по завршетокот на златоустовата литургија, во литија и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, во соборната црква пристигнаа неколку илјади православни дечиња. Во црквата ги пречека Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во својата кратка беседа кон дечињата, претстојателот на нашата помесна Црква им се заблагодари затоа што Го воспеваат и прославуваат Богомладенецот,
Ние луѓето сме создадени за благодатна заедница со Бога, и од искона ни е дадена можноста себеси и сето творение непрестајно да Му го принесуваме на Творецот. Но нашите прародители, поради гревот, отпаднаа од таа заедница и, заменувајќи го богољубието со самољубие, Го заборавија Бога, па човекот започна да живее само за себе. Но бидејќи без Бога нема живот, обезбожениот свет се наполни со омраза и со неизвесност и настана бесмислена борба на секој против секого. Човекот застана дури и против својот Создател!
1. За оние што се радуваат во Божикниот пост – Протопрезвитер Артемиј Владимиров
Во недела на св. Богоотци кога се празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец и Свети праведен Јован Кронштатски, отец Александар Димоски отслужи сеноќно бдеение во сослужение со отец Павел Крцоски и ѓакон Христијан Костоски, во велелепниот храм на Св. Троица.
Иконата на св. вмч. Георгиј е насликана во Струга, од зографот Јован, кој потекнувал источно од Кавала. Ктитор на истата бил рефендарот на Охридската архиепископија, кој исто така се викал Јован. Овие основни податоци се наоѓаат во записот на задната страна на иконата. Овој запис е читан од двајца историчари на уметност, односно, од Фрањо Баришиќ и Гојко Суботиќ, но ѝ претстои и прочитување и од македонски специјалист, коешто прочитување, се надеваме дека, во најскоро време ќе биде и публикувано.
По Литургијата, во манастирот, во организација на Македонската православна младина на Австралија (МОYА) се одржа Македонскиот православен духовен семинар на тема: „Православната црквата во современиот свет (проблеми, решенија и предизвици)“.Предавачи на семинарот беа: игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) и презвитерот Владо Недески (старешина на храмот „Света Петка“ – Рокдејл),
Кинонија (Заедница) е списание за православна вера, култура, воспитание, образование и наука. Идејата за создавање на едно вакво дополнително списание како периодика во склоп на епархискиот гласник „Православие“ произлезе од потребата на македонските верници во дијаспората, односно во Австралиско – сиднејската епархија, кои пројавуваат интерес за православни теми и прашања, како и за важни настани од животот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).
























