Скопје, 18-ти јануари 2018 год.- храм на св.Петка
18 јануари 2018
"Водокрст, свети маченици Теопемпт и Теона"
„Дојде и денот кога се осветуваат водите.“
На 18 јануари 2018 година, во навечерието на Богојавление, протаереј Јован Ристовски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Царски часови и света Василиева Литургија со Вечерна богослужба, во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче. Бројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет.
Старец Паисиј Светогорец
Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка. За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисцрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело.
Преминпортал (к.т.)