На 21.09.2017 година, на денот кога го празнуваме „Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица“, со благослов на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, извршија чин на осветување на црквата „Св. пророк Илија и пророк Елисеј“ во с. Митрашинци-Беровско. Истиот ден Митрополитите г. Пимен и г. Јосиф, со свештениците од Струмичка и Тетовско-гостиварска епархија извршија осветување на новиот објект на хотел „Манастир“ - Берово.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија