Деновиве излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на преподобен Јустин Ќелиски.
Растејќи со растот Христов „во човек совршен“, слабикавиот човек зајакнува, созрева со душата, созрева со умот, созрева со срцето. Живеејќи со Христос, тој сиот расте во Христос, во Вистината Христова, се сродува со неа и таа станува вечна Вистина и во умот негов, и во срцето негово, и во душата негова.
За таквиот човек со сигурност може да се каже: тој ја знае Вистината, зашто има вистина.
Таа жива божествена вистина во него му служи како непогрешливо божествено мерило за разликување на вистината и лагата, доброто и злото во човековиот свет.
***
Во човековиот свет само Богочовекот Христос ги решил сите главни прашања на светот и животот, од чие решение зависи судбината на човечкото битие во сите светови.
Кој Го има Христос, има сѐ што му треба на човечкото битие
не само во овој привремен свет, туку и во бескрајниот, вечен живот.
– преподобен Јустин Ќелиски
Извор: МПЦ-ОА