15-ти септември 2017 год.- Марков манастир „ св. Димитриј Солунски“
Литургиската посета на Марков манастир секогаш исполнува и влева необичен спокој,но особено плени и средбата со секогаш гостољубивото сестринството. Денешната посета е со посебен повод, почетокот на одржувањето на Интернационална фрескописна, иконографска и иконорезбарска колонија, во период од 15 до 21 септември 2017 година. Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан го благослови овој настан.
На колонијата учествуваат еминентни балкански иконописци, и резбари, чии дела ги красат црквите ширум Балканот, вклучително и Света Гора.
Помеѓу присутните ќе бидат (утрово дојдени беа и отпочнаа со работа дел од нив), фрескописците Кирил Томанов (член на Кралското здружение на минијатурсти), Јордан Иванов, кој изработувал фрескопис на Света Гора, Галин Ганчев и проф. Венко Цветков, резбарите Васил Иванов и Тихомир Георгиев, иконописците Димчо Димчовски, Тереза Илкова, Гергана Симеонова, Димитринка Стојанова, и Надја и Румен Петкови.
Од атељето „ ЛОГОС“, Александра Јеротиќ и Владимир Андреев, дојдоа во посета на манастирот и се нафатиа да го фрескописаат внтрешниот дел на параклисот на апостол и евангелист Марко. Тие веќе неколку месеци се ангажирани со фрескописувањето на храмот и крстилницата на св. Јован Крстител во скопската населба Капиштец. Иконите и резбите кои ќе се изработат во оваа колониа, учесниците ќе ги подарат на Марков манастир.
Преминпортал(к.т.)