с.Маркова Сушица- манастир на св.вмч Димитриј
ИЗРАБОТКА НА САПУН ВО МАРКОВИОТ МАНАСТИР
Вредните раце на монахињите и овој пат нè изненадија!
Освен другите ракоделија, од неодамна монахињите почнаа да изработуваат сапун со природни органски состојки.
Сапунот не само што е добро изработен, туку е и прекрасно дизајниран, прикладен за секоја пригода, подарок на наш ближен... и.т.н.
Но, тоа што е најважно да се каже е за квалитетот на самиот производ и состојките што ги содржи.
Сапунот е изработен на древниот начин на изработка, со лековитата свинска маст, збогатен во основа со кокосово масло и билки.
Притоа, се изработуваат четири вида сапуни, со кокос, какао, бозел и мајчина душичка.
При изработката на сапунот е додадено и миро,
како благослов од манастирот.
Извор: ФМ на Марков манастир
9-ти јули 2017 лето Господово
Друго:
П.П.