Во подвижниот храм „Покров на Пресвета Богородица“, сместен на ракетниот крстосувач „Москва“ при единиците на црноморската флота, клирикот на Свето-николаевскиот храм, Протоереј Павле отслужи Божествена Литургија во чест на Светите преподобни Онуфриј Велики и Павле Атонски. Службата ја збогатија со своето пеење предавачите на православниот Елисаветински детски дом на Марто-мариинската Обител и неговиот раководител Наталија Јуревна Кулавина. Парохјаните на храмот, војниците од одредот Сергиј и Роман, се причестија со Светите Христови Тајни и му заблагодарија на свештеникот за помошта во запазувањето на духовната чистота во овој тежок период од нивниот живот. Овие морнари веќе неколку пати се причестија во рамките на иницијативата на Свето-николаевскиот храм.
Извор: Бигорски манастир