логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


 

СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ И СВ. КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ (31.01.2013) 


„Богоглаголив и преподобен Атанасие, ти претрпе гонења и ги поднесе маките, сè додека не ја протера безбожната лага Ариева, а твоето стадо го спаси од безбожие, догматски православно изложувајќи го учењето за едносушноста на Синот со Отецот и со Духот, себлажен свештеноначалнику“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. Атанасиј и св. Кирил Александриски).

На 31.01.2013 година, го прославивме свештениот спомен на двајца великани на Александриската и на целата Црква, светите Атанасиј и Кирил. Во нивна чест, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоереј Игор Никовски, свештеник Горан Ставрески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Во денешното свето Евангелие ги слушнавме зборовите: „Вие сте светлина на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светилото се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.“ (Мат. 5,14-15). Преку овие зборови нашата света Црква нè потсетува дека нашата вера, нашето свето православно учење и исповедање на Господа Исуса Христа е светлината на светот.

На друго место, Самиот Господ Исус Христос ќе каже: „Јас сум Светлина на светот“ (Јован 8,12). Оваа Светлина го осветлува патот на безброј генерации, народи и племиња. Таа им го покажува патот на светлината, на правдата, на љубовта, на чесноста и на сè што нè прави да бидеме достоинствени и вистински следбеници на „Светлината на светот“. И поимот светлина, сам по себе означува јасност, прецизност, непоколебливост за тоа каде сака човек да оди и да прави, да го остварува својот пат, својата визија и својата определба. За разлика од светлината, мракот е матен, темен, нејасен и предзвикува нешто скришно, нешто таинствено, а во исто време, и пакосно, злобно и грешно. Во другиот, пак, стих, ни се појаснува дека светилникот не се става под поклоп, туку на свеќник, за да може на сите да им свети, та да можат да одат по оној пат, којшто го бара и препорачува нашата света Црква.

Долговековната историја нè учи и ни покажува примери за многу силни империи, царства и владеења кои постоеле во извесен временски период. Некои траеле подолго, некои пократко, но на крај сите се растурени, разнебитени и само малку нешто останало во прашливите архиви, за кои одредени научници се интересираат и ги превртуваат. Само да го земеме примерот на великата Римска империја, која била проширена од едниот до другиот крај на светот. Тука е и Византија, а да не зборуваме  за многу постарата Персија. Од сите овие силни империи, на моменти сметани за непобедливи и неуништливи, со огромни војски, со огромен човечки потенцијал, со богатства и раскоши, нема останато никакво обележје. Или, пак, доколку има, тоа се брои на прсти. Додека, пак, нашата христијанска вера, која е светлина на светот, која ја проповедаше нашиот Спасител, Господ Исус Христос, со дванаесетте прости рибари, со сиромашни луѓе, кои немаа ниту високо универзитетско образование, ниту, пак, лични богатства, и денеска опстојува.

Христијаните Го проповедаа Христа како Светилник и Спасител на светот и покрај тоа што во првите три века беа особено гонети, убивани, распнувани, фрлани пред диви ѕверови и обвинувани за секакви нешта, и тоа само затоа што не принесуваат жртви на многубожечките идоли. Така, и познатиот црковен писател од крајот на вториот и почетокот на третиот век Тертулијан, многу сликовито вели: „Ако Тибар се излие - виновни се христијаните, фрлете ги пред гладните лавови во римските арени. Ако има голема суша - повторно се виновни христијаните“. Но, и покрај сите овие маки, страдања и прогонства, христијанството се проширило на сите четири страни на светот  и не само што се проширило, туку и опстојува дваесет века. Како што знаеме, ниту Христос и Неговите свети апостоли, ниту нивните наследници или, пак, светата Црква, никогаш немале своја војска или свои борбени потфати за ширење и за одбрана на своето верување. Сепак, тоа успева да опстои и да Го сведочи Христа како Светлина на светот.

Христијанството има свои сочувани споменици од првите векови, па до денес. Природно е да се постави прашањето: од каде христијанството ја црпи таа сила, па може да ги надвладее сите овие премрежија и борби, духовни и физички, и да опстои и да Го проповеда Христа? Таа сила, таа инспирација и моќ, светата Црква ја црпи и ја добива преку Божјата благодат, преку Светиот Дух, Кој постојано престојува во неа, ја крепи, ја зацврстува и ја инспирира да може сите маки, сите непријатности и прогонства да ги издржи и да не се откаже од Светилникот на светот, односно од Спасителот Христос.

Денеска светата Црква прославува двајца големи црковни учители: светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, кој живеел во четвртиот век и светиот Кирил Александриски од петтиот век. Светиот Атанасиј, на кого е и посветен овој храм, со својот живот, со своето делување и со својата извонредна интелектуална дарба, но уште повеќе со својата силна и непоколеблива вера, ќе биде светлина која ќе свети и ќе ги осветлува тогашните простори на Византиското Царство. Со својата ученост и со својата храброст тој ќе се покаже како првенец во исповедањето на православието. Тој, како ѓакон, ќе го придружува престарениот Александар Александриски на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. За време на Соборот, на кој ќе се расправа против еретикот Ариј, свети Атанасиј ќе се покаже како најголем ревнител во формирањето на правата и вистинска вера. Тој е и авторот на првиот дел, односно на првите осум члена од Символот на верата. Подоцна, свети Атанасиј ќе го наследи Александар на катедрата во Александрија и ќе ја продолжи и понатака борбата против аријанската ерес. Свети Атанасиј, како архиепископ Александриски, ќе помине цели 15 години во заточеништво, а и останатото време од неговото 47 годишно архипастирство ќе биде исполнето со непријатности и маки. Но, независно од сето тоа, тој е свет токму онака како што вели светото Евангелие. Тој ќе стане свеќник што го просветлува, осветлува и утврдува христијанскиот свет и го покажува патот по кој христијаните треба да одат, не плашејќи се од силните и моќни овоземни фактори, кои се преодни и ништожни во споредба со вечноста и светоста.

Уште еден стих од денешното евангелие вели: „Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата“ (Мат. 5, 16). Овие зборови ние честопати ги слушаме, и тоа на самиот почеток на сите архиерејски Литургии. Со овие зборови светата Црква нè повикува нас христијаните да бидеме светлина на нашите роднини, на нашите соседи, на нашите пријатели, на нашите познаници. Таа нè повикува да бидеме пример на благочестие со нашиот живот и со нашите постапки, како што бил и светиот Атанасиј Велики со неговиот свет, подвижнички и исповеднички живот. Преку такво живеење и преку такво сведочење, ние ја потврдуваме нашата целосна припадност на Господа Бога и Го исповедаме и проповедаме името на нашиот Отец Небесен.

Да се обратиме со искрена молитва кон свети Атанасиј Велики, тој да ни помага со неговите молитви пред Господа Бога, за да се зацврсти нашата вера, љубов и надеж во исповедањето и сведочењето на нашиот Спасител, Кој е Светлина на светот, сега и во вечни векови. Амин!

 

свети Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски
31.01.2013 година
ман. „Св. Атанасиј Велики“ Охрид 

 Извор: Дебарско- кичевска епархија

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

11/01/2025 - сабота

Св. четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем; Преп. Маркел; Преп. Марко Гробар и Теофил Плачлив;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

 Тропар на светиот Гаврил Велички 30 декември / 12 јануари 2025

Тропар на светиот Гаврил Велички 30 декември / 12 јануари 2025

Светило на православието,светол столб на подвижниците,од Христа даруван со смирение,оче Гавриле преподобен,срцата на верните по твоите молитви за Христa се...

Тропар на св. мач. Анисија 30 декември / 12 јануари 2025

Тропар на св. мач. Анисија 30 декември / 12 јануари 2025

Како облак што впива влага од земјата,така ти девственичке се напои,од вистината на Животот. Разбирајќи дека треба да се соблече...

Тропар на светите Христови четиринаесет илјади Витлеемски младенци 29 декември / 11 јануари 2025

Тропар на светите Христови четиринаесет илјади Витлеемски младенци 29 декември / 11 јануари 2025

Нема непријателот љубов во себе,затоа што самољубието во него е длабочина неизмерлива,о Господи прибери ги Твоите младенци од сите векови,и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная