ВОВЕД
На повидок е нашата трета книга под истиот наслов како и претходните две „По стапките нахристијанството во Македија", од истите автори: Вера Стојчевска-Антиќ и Методиј Златанов. Самиот наслов е директно објаснителен. По резимираниот осврт за развојот на христијанската религија кај нас, сметавме дека со завршницата, а таа беше замислена како преглед на новоизградените цркви во Република Македонија, ќе дадеме слика на фрапантно зголемениот јавен интерес на македонските жители кон апострофираниот религиозен христијански однос. Меѓутоа, и со оваа трета книга дефинитивно сфативме дека нараснатиот интерес кон новите христијански градби е толку зголемен, што дефинитивно мораме да се задоволиме со примерите на современите нови градби, само како илустрација за предвидената децидна завршница. Како примери можеме да ги посочиме секојдневните контакти со донаторите и заинтересираните градители на цркви и манастири, во кои средби и интереси се приклучуваат и случајни намерници, кои непрекинато го зголемуваат нашиот интерес кон оваа појава од социолошко-религиозен аспект, со се понови и понови информации за здружување на луѓе од селото или градот за нов објект, нов интерес и однос кон религијата.
Неодамна, Диме Митревски, вработен во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје, слушајќи еден наш разговор на односната тема, самиот се вклучи со ново интересно соопштение: Диме е роден во село Поменово-Велес во 1955 година. Селото денес е дефинитивно целосно иселено. Триесетина години наназад селото започнало со иселувањето. Меѓутоа, дваесет години веќе жителите од ова село одржуваат традиционален собир во кругот на селската црква „Свети Димитрија". Црквата датира од 1622 година и е најстара во таа околија. Одборот подигна иницијатива за изградба на конаци, кои се во завршна фаза. Со намера да не прекине врската на преселените жители со старата црковна традиција, одлучиле да ја зачуваат црквата со ново реновирање, за што го доставија пошироко и следново барање, како повик за донации:...(текстот за село Поменово)
Ваков пример на свесна грижа за христијанските стари и нови градби открива и ова соопштение упатено до граѓаните во Република Македонија, а се однесува за нужна донација за манастирот „Свети Горѓи" во Кнежино — Кичевско, во кој треба да продолжи монашкиот живот. Како илустрација го приложуваме и овој текст:.. .(текстот за Кнежино)
Така, од бројните градби и осветувања, не успеавме да присуствуваме на осветувањето и прославата за новоизградената црква „Свети Петар и Павле" во село Подмочани-Преспа, со донаторството и ктиторството од страната на нашиот познат иселеник господин Борис Ничов, кој со години е активен во организацијата на црковниот живот во Чикаго, особено во македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј". Со негова помош, како претседател на посочената црква, заеднички организиравме посебен колоквиум во чест на свети Климент Охридски на „Универзитетот Чикаго" во 1989 година. Исто така, од тој контакт се реализираа гостувања на универзитетски прфесори од Чикаго во македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј" во Чикаго, меѓу кои се вбројува проф. Виктор Фридман. Б. Ничов до новоизградената црква подигна голем крст, во вид на метална мрежа, кој ја надвишува самата црква, завршена и осветена на 30 јули 2006 година. .. .(Текстот од насловот на Поканата)
Разбирливо е дека кон ова прашање се приклучуваат разновидните соопштенија, покани, осврти, за новите христијански градби, од странатанановинарите, известителите од МПЦ, заинтересирани верници, кои ги дополнуваат страниците за односот и верувањата на населението во Христовото учење. Еве еден објавен интересен пример за односот на верниците кон верата, а се однесува на откриената тајна на сребрената рака на Богородица во манастирот „Света Богородица" во Кичевско. Информацијата е објавена во „Форум плус" од 31 декември 2005 година. (фототипски објавениот текст)
За да се оформи сликата на целокупниот општествен современ живот во Македонија, неопходен показател би бил социорелигиозниот однос на целокупното население во Македонија. Очевидно е дека Македонија не можела да ги избегне разноразните фази во својата историско-општествена егзистенција и развој. Напластувањата и влијанијата систематскија вршеле својата суштествена улога. Се разликува религиозниот однос на населението пред 1944 година, како и истиот одразен по рушењето на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Токму и овие три книги пошироко запираат врз градењето на сликата од религиозниот мозаик од 1989 година до денес. Во недостиг на објавени истражувања за секојдневно нараснатите интереси кон религиозниот живот, сметавме за потребно да се задржиме на теренските истражувања и состојби, за да заклучиме со оваа книга дека го завршивме само воведот. Се наложува потребата од сознанијата за канонското придржување кон христијанството, за расчекорот што се забележува во практиката, во секојдневното практикување нахристијанските правила и обичаи, во разни периоди, средини, луѓе, за нивните различни толкувања, верувања, односи. Работата на теренот е податлива за круцијалните и индивидуални состојби.
Традицијата на македонската суштина и живот е вкоренета во христијанската религија, во која се согледуваат и претходните напластувања, доминантно присутните историски, митолошки и народни состојби. Токму затоа и ние во случајов ги претставуваме верувањата и искажувањата на верниците, како што ни се предавани директно од верниците, за да послужат како снимен материјал и за наредни студии, во документарна форма како што тие ја изнесуваат.
Прилог кон оваа тема е добредојдена целосната студија на Љупка Христова-Башевска со наслов: „Црквата и световното" („Слово", Скопје 2002). Самата семантичка суштина на насловот авторката ја открива директно во воведот: „Насловот на секое истражување најсоодветно се изразува во прашална форма, разбирливо, зашто негов предмет секогаш е нешто што е непознато. Непознаницата со која се зафаќа ова истражување гласи: Каков е односот на црквата спрема општеството во кое постои и дејствува, во услови кога ова е световно ориентирано? Значи, станува збор за црквата, од една страна, дофатени во некоја нивна посебна релација, однос. На овие посебни категории кои се чинители на односот, на категоријата црква и на кетегоријата световно, како и на самата категорија однос, им е посветен првиот дел од оваа студија. Но, иако станува збор за односот на црквата, разгледувањето ќе го започнеме со објектот на тој однос — световното. Имено, изворниот поим световно, на кој секако треба да му се посвети одредено внимание - иако самиот израз овде е употребен во една метафорична смисла -ќе не одведе, колку тоа да звучи парадоксално, до мноштво поими и термини со кои оперираат науките што се бават со одделни аспекти на религијата (социологијата на религијата, филозофијата на религијата, итн.) во чијшто домен, во една или во друга мера, спаѓа проблематиката на овој труд." Заклучоците од овој труд следат разграничени во завршниот дел: „Разграничување помеѓу политизираниот однос на црквата и односот црква-световно". Ваквите студии се иманентно пожелни денес, зашто фактографијата на теренот и во урбаните средини дава богат материјал. Македонските црковни епархии нижат нагорни линии во бројноста на христијанските градби и верници, што заслужуваат широк сестран истражувачки тим, чии резултати и показатели првенствено ни се нужни нам, но и на гранките од науките во светот, кои се повеќе се ориентираат во современата глобализација и кон МПЦ.
Во случајов ги претставуваме и македонските православни цркви во САД и Канада, чиј раст е евидентен од првата црква во Индијана, до денес.
Промовирана книгата „По стапките на христијанството во Македонија“
Кон делото: По стапките на христијанството во Македонија - проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски
Посети:{moshits}