македонија
Конечно сами
Во својата сопствена држава
Ветрометина, крстосница и амбис
А ние – сами
Еј, макар и петминутна
Оваа самотија годи
Како скапоцен прстен
Прилега на нашите стуткани дланки
Господари на сопствениот избор
Во тишина, додека другите спијат
Во нивните сигурни околчени држави
Каква што нашата никогаш нема да е
Да потраат овие пет минути барем два-три века
Додека да ја најдеме онаа точка
Што јапонците ја именуваат хара
Да бараме на раат, без закани
Смирено, во некој убав пејсаж, полјанка
Со цвеќе, езеро, бранови и сонце – вечноста на дланка
Неколку мига пред зори додека другите спијат
заштитени од камерите на големиот брат
Да го исковаме истото име како изненадување
Како на овците кога им ставаат печат
Да го означиме стадото со печатот на љубовта
Да ги изненадиме со тврдоглавоста како со меч паднат од небо
Да молчиме и по изгревот, опиени од истоста со себе
Додека другите цврсто стојат на своите нозе
Да молчиме заради таа земја на која стојат не знаејќи
дека направиле култ што ќе падне како кула од нешто лажно
Да заиграме како деца и молкот на играта
Да биде оклоп на нашето име што ќе го благослови Господ.
Сестра Макрина
Посети:{moshits}