Aстрономите со помош на големиот телескоп од Европската јужна опсерваторија на околу 7.000 светлосни години од Земјата, открија необичен бинарен систем кој општата теорија на Ајнштајн ја стави во најголемото искушение досега.
Парот се состои од најмасивните неутронски ѕвезди некогаш откриени и бело џуџе.
Неутронската ѕвезда PSR J0348 + 0432 има маса околу два пати поголема од Сонцето компресирана во топка со дијаметар од само 20 километри, а околу својата оска се врти 25 пати во секундата. Настанала со експлозија на супернова, а спаѓа во таканаречените пулсари и испраќа радиобранови кои може да се снимат со телескоп на Земјата.
Нејзџината гравитација е на површина од 300 милјарди пати поголема од Земјината. Под влијание на силни привлечни сили нејзините електрони и протони во атомите колабирале во неутрони и се компресирале во мал простор. Секоја коцка со големина на коцка шеќер од нејзината материја, во средината тежи повеќе од милјарда тони. Белото џуџе кое кружи околу неа е ѕвезда која останала без атмосфера и полека се лади.
Пулсарите често настануваат во бинарните системи кои се состојат од неутронски ѕвезди и црвен џин. Ѕвездите влегуваат во фаза на црвен ѕин при крајот на својот живот кога ќе ги потрошат сите резерви од водород и започнуваат да согоруваат хелиум.
Кога џиновите доволно ќе се рашират, неутронската ѕвезда започнува да ја голта нивната атмосфера, а она што на крајот останува се нарекува „бело џуџе“.
Пулсарите имаат силно магнетно поле. Бидејќи не е секогаш еднакво со оската на ротација, снопчето на зраци кои емитуваат се движат во круг како светло на светилник. На Земјата ги регистрираме само кога се свртени кон нас.
Вака масивна неутронска ѕвезда е одлична лабораторија за истражување на фундаменталната физика.
Гравитациони бранови
Гравитационото поле кој создава новооткриен пулсар е толку силно што астрономите се надеваат дека за прв пат би можеле да забележат некои девијации во предвидувањата за општата теорија на релативноста во движењето на белите џуџиња.
Имено, според Ајнштајновата теорија, големите баси би требало да го „изобличат“ просторот - времето, така што другите тела, па дури и светлината во нивната близина имаат „криви“ патишта. Таа исто така предвидува дека бинарниот систем во кој ѕвездите се толку близу, зрачат со гравитациона енергија во облик на гравитационен бран. Ваквото трошење на енергијата ќе го промени нивното орбитално време потребно за едно свртување.
Ајнштајновата тероија на релативноста е објавена пред околу стотина години, а до денес ги има издржано сите тестови. Меѓутоа таа не може да претставува конечно толкување на реалноста бидејќи иако опишува големи системи, не е компатибилна со квантната механика која управува со физиката на микросветот.
Кога некои тела се многу мали, а сепак многу масивни, како што се црните дупки, две теории се во контрадикција, а научниците сеуште немаат конечни теоретски решенија.
Постојат некои алтернативни теории кои би требало да дадат различни резултати, но само во особено силни гравитациони полиња какви што можат да се најдат во Сончевиот систем.
Бидејќи PSR J0348 +0432 е навистина екстремен гравитационен објект, научниците се надеваат дека во неговиот систем ќе откријат девијации, а со тоа ќе одговорат на отворените прашања.
Објавено на 28.04.2013 во категорија Наука
Пишува: Тамара Мисирлиевски / Текстот не е лекториран
Извор: Факултети.мк