Св. Филарет Московски: НЕКА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ПОСТАНЕ НАШЕ СРЦЕ И НАШ ЖИВОТ
Голема е користа за секој човек ако Христос за него постане и негово срце и негов живот. И не само што е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние коишто се во негова близи¬на, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средината и оттаму таа се шири, како брановите, насекаде и делува на се она што на тој пат ќе наиде. И оној, кој најверојатно поради својата


Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.
Ти беше првиот учител на покајанието! Ти беше единствениот кој уште во утробата на мајка си поучуваше во вератa и пророкуваше за Христа, а сега си во прегратките на небесниот Отец. Тебе Иродијада те осуди неправедно и твојата глава беше донесена за време на царска гозба, не на глинена, ниту на сребрена, ниту на златна чинија, бидејќи тоа беше гнасно за тебе, туку на царот му
Кој има љубов за Христа, се радува на секое страдање заради Христа. Затоа, ништо не е така славно како што се оковите заради Христа. Да се биде затворник и роб заради Христа пославно е одколку да се биде апостол или учител или евангелист. Кој Го љуби Христа ќе ги разбере овие зборови. Кој гори за Господа и копнее по Него, ја знае силата на оковите.
„… што е сета оваа слава, богатство, величественост, која неповратно го лишува лицето до смрт? И бесмртната душа, раздвоена од несовршеност, како затворена во затворот на неговото смртоносно тело, нема да најде одмор, затоа што тој човек не ја воспитувал, не се принудувал во молитва, ниту мислел на Бога, не се смирувал во лишувања и таги. О, смрт, кој може да те избегне!“
Кога би ја исполнувале заповедта Господова за љубов кон Бога и ближниот, тогаш не би имало ни роб, ни слободен, ни старешини ниту потчинети, ниту богати ни сиромашни, ни мали ни големи, па ни самиот ѓавол не би ни бил познат, и не само еден, и двајца да се, нека бидат и стотина и илјада, тие не би можеле да направат ништо лошо,
Погледни се и ти, кој си се крстил во името Господово, такви ли се твоите дела, како оние, во кои Он се објави Себеси? Или каков ќе се јавиш во денот на Славата Негова и со каква награда ќе се овенчаш, ако го немаш венецот на победата над страстите, победени од тебе, - оние (страсти) кои веќе ги има победено твојот Цар, покажувајќи ти пример во Себе?
Мене, одамна ме праша една душичка: „Зошто Мајката Божја толку високо се почитува, не само повеќе од светите луѓе, туку и од ангелите и архангелите?“
Откако ќе го отфрлиме животниот мрак, да ги просветлиме нашите телесни очи и со умот да се издигнеме, за да го видиме чудесното Успение1 на Мајката на Господа. Да ги видиме и Неговите ученици, дојдени на облаци и собрани, за да го спроведат пречистото тело на вистински Пречистата и Преславна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, зашто:
Немој да го мразиш грешникот, бидејќи сите ние помалку или повеќе сме виновни. И ако случајно за благодатта Божја тргнеш против него, подобро оплакувај го. И зошто го мразиш? Можеби неговите гревови ги мразиш? Но, да се молиш за него за да се уподобиш на Христа, Којшто не негодуваше против грешниците, туку се молеше за нив.
Така, секоја твар има свој сопствен глас, и кога ветерот ќе дувне, тогаш настанува хармонично и таинствено славење на Бога. Што да кажеме за ползачите, или за крилестите птици? Кога еден светител го пратил својот послушник да им каже на жабите да замолчат за да ја довршат Полуноќницата, тие му одговориле: Чекајте малку, најпрво ние да ја довршиме Утрената Богослужба."
„Царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него...
Многу поклоници одат кај моштите на Серафим Саровски во надеж да се излечат од страшни болести. Од запишаните случаеви на исцелување во манастирот создадоа архива на чудеса. Ние ви цитираме само мал дел.
Не гледај на природната немоќ на телото и не опаѓај. Изгони го далеку себељубието, алчноста и егоизмот. Намрази ги делата на грешното тело и бори се со храброст за придобивање на добродетелта. И доколку како човек паднеш, пак да станеш и никогаш да не се вратиш во претходниот гревовен живот. Секогаш чекори напред со радост и подготвеност во делата Божји
Телесниот труд и изучувањето на Божествените Писанија ја чуваат чистотата на умот. Потребно е уште и многу молитва, за Божјата благодат да го осени подвижникот. За да ја придобие некој благодатта на Светиот Дух потребна е голема духовна борба, зашто човекот лесно се наклонува кон злото и во еден миг го губи она што го имал стекнато со големи подвизи.
Блажениот живот е плод на таквата љубов бидејќи таа отсекогаш се грижи за нашата волја, ја оддалечува од сѐ останато, па и од нас самите, и ја соединува единствено со Христос. Заедно со волјата оди и сѐ останато што е наше: нагоните на телото, дејството на умот, секое дело и сѐ што е човечко; значи, сето тоа се ...
Господ нам ни заповедал да ги љубиме своите ближни. Не треба да нè засега дали тие нас нè љубат,
Додека некој ја извршува целата работа, неговиот колега доаѓа само за да земе плата. Познавам човек кој беше директор. Кога се смениле работите, и него го смениле. Поставиле друг што бил од нивната партија, а кој немал завршено ни средно училиште. Го поставиле за директор, но тој не знаел ништо за работата, па така, ни претходниот не можеле да го постават на некое друго место.
Не барај ги причините на искушенијата, не прашувај се од каде и зошто доаѓаат, туку моли се само да можеш со благодарност да ги поднесуваш, како што говори свети Марко Подвижникː „Кога ќе дојде искушението, не барај да разбереш од што и зошто дошло, туку грижи се само за тоа – со благодарност и прибрано да го поднесеш
Ако сакаш да се удостоиш да ги видиш благата, кои ги подготвил Бог за оние што Го љубат, всели се во пустината на одречувањето на својата волја и бегај од светот. Што е светот? - Светот е похотта на очите и на телото, гордоста на помислите и прелестувањето од видливите работи. Ако избегаш од тој и таков свет, „тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути“























