логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Подвижнички поуки на свети авва Доротеј



29.  Премудриот Соломон вели: „Каде што нема советувања народот опаѓа, спасението е во многу советници“ (Изрек. 11, 14). Гледаш ли на што нѐ учи Светото писмо? Тоа нѐ учи да не се надеваме на себеси, да не сметаме дека знаеме сѐ, да не веруваме дека можеме самите да управуваме со себеси, зашто, навистина, имаме потреба од помош, имаме потреба некој да нѐ води и да нѐ поучува за Бога. Нема понесреќен и поблиску до пропаста од оние луѓе, кои немаат учител, кој да ги води по Божјиот пат. Зошто, што значат зборовите: оние што немаат водач и управител – паѓаат како лисја? – Листот од почетокот секогаш е зелен, сјаен, убав, а потоа постепено бледнее, се суши, паѓа и бива изгазуван. Така е и со човекот, кој нема духовен учител, од почетокот секогаш има усрдност спрема постот, бдеењето, безмолвието, послушноста и спрема другите добродетели, а потоа неговата усрдност постепено истинува и, бидејќи нема никого, кој да го подучува, да го подржува и да ја разгорува неговата усрдност, - тој почнува да се суши, да паѓа и, најпосле, станува немоќен роб на своите непријатели, кои почнуваат да прават со него сѐ што  сакаат.



30.  За оние, кои ги откриваат своите помисли и постапки и сѐ што прават го прават по совет на својот духовен учител, премудриот Соломон вели: „Спасението е во многу советници“ (Изрек. 11, 14). Тој не вели: „Во советот на многумина“, за да не се советуваме со секого, туку дека треба да се советуваме за сѐ и, се разбира, со оној, во кого имаме доверба; и да не кажуваме едно, а друго да премолчуваме, туку пред него да се откриваме и да се советуваме за сѐ. Ваквиот ќе може да се спаси.



31.  Кога не ги откриваме нашите мисли и намери и не бараме совет од опитните, тогаш се раководиме со својата волја и со она што сметаме дека е правилно. И тогаш, правејќи навидум добро, ние самите си поставуваме мрежи и загинуваме, без да сме свесни за тоа. Зашто, како можеме да ја разбереме Божјата волја и потполно да ѝ се предадеме, ако си веруваме на себеси и ако се раководиме со својата волја? Затоа авва Пимен вели: „Нашата волја е бронзена врата меѓу човекот и Бога.“


32.  На оној, кој му верува на својот ум и кој ѝ се предава на својата волја, нашиот непријател, ѓаволот, му го приготвува паѓањето како што сака. Тој не може да му се приближи на оној, кој сѐ што прави – прави по совет. Затоа тој ги мрази и допрашувањата и поученијата, го мрази и самиот глас, самиот звук на тие и такви зборови. И да кажеме ли зошто го прави ова? – Затоа што знае дека неговата злоба се открива веднаш штом ќе се постави прашањето за она што е корисно. А тој од ништо не се плаши толку, колку што се плаши да не биде распознаен, зашто тој тогаш не може подмолно и лукаво да нѐ искушува, како што сака. Кога некој прашува и бара совет од некого, што е искусен, а тој му каже: „Ова прави го, а она не прави го“ или: „Сега не е време за таква работа“, или: „Сега е време да се направи тоа и тоа“; тогаш ѓаволот не наоѓа на кој начин да му нанесе штета и како да го турне, бидејќи тој брат секогаш се советува и од сите страни се заградува, а на овој начин на него се исполнува реченото: „Спасението е во многу советници“ (Изрек. 11, 14).


33.  Демонот ги сака оние што имаат доверба во својот разум, затоа што тие самите на тој начин си прават стапици. Јас не знам за друго паѓање на монахот, освен тоа кога тој му верува на своето срце. Некои мислат дека луѓето паѓаат во грев од повеќе причини, а јас не знам друга причина, освен за тоа – кога човекот го прави тоа што го сака, кога ја извршува својата волја. Видиш ли човек, кој паднал во грев, знај дека се раководи со својот ум и со својата волја. Од ова нема ништо поопасно попогубно.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ, Том II.

 

Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

22-ри јуни  2018 лето Господово

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная