Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА
Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција. Затоа Христос и вели: „Со каков суд судите, со таков ќе бидете судени“ (Матеј 7, 2). Живееме како одвај да чекаме некој од оние што ѝ сметаат на нашата суета нешто да згреши.


Напорот да се дојде до Христос со надеж за исцеление, а наместо тоа јавно да ја слушне само причината за својата болест – гревот, и без помисла и негодување да се прифати сето тоа, зарем ова не покажува смирение и благодарност? Да, однесувањето на фатениот покажува дека тој ја освестил причината за својата болест, а тоа е гревот – како што потврди и Христос, и со
Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку која сериозно, дури на крај, нѐ напаѓа?
Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт – слoбoда. Умoт и слoбoдата сe нeраздeлни. Oттука сe празни приказнитe на нeкoи филoзoфи за тoа какo чoвeкoт, навистина, има ум, нo нeма слoбoда. Заштo e јаснo oд сeкoјднeвнo искуствo, дeка слoбoдата e нeраздвoeн придружник на умoт.
Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.
А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување и да допуштиме Божјото Слово и Светиот Дух да се вселат во нас, зашто, според зборовите на светиот апостол Павле: „Се е од Него, преку Него и во Него". Амин!
И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да ги приведе луѓето кон спасение. Духовниот отец е, всушност, сведок Христов и истерувач на демони, па затоа и ловец на луѓе – заробеници на демоните.
Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост, ниту слава, ни богатство, ниту било што, кое некој од нас го нема, туку потребно е само она, кое секој од нас може да го има. А тоа е единствено верата во Господа Исуса Христа! Затоа Он, единствениот Човекољубец, му ја ...
Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и да се поистоветува со овоземните колективни шеми на само човечко организирање (пример: партии, нации, држави, секти); што од друга страна е основа и извор за злото што луѓето си го
И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која било расправија, има и такви што не ја почитуваат слободата на другите и сакаат, по секоја цена, да го наметнат своето мислење – без оглед на неговата исправност.
Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков обичен учител или духовен водач. Никој, со здрав разум и правилна свест, не би
За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради немоќните во верата, каков што бил апостол Тома на денот на Воскресението, за да им се даде и ним поткрепа со очигледно сведоштво. Свети Лука сведочи дека, воскреснатиот
Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа планина: »Премести се одовде таму«, и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно“ (Мт. 17, 20). Неспорно е дека денешната технологија и наука прават големи напредоци,
Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за да Го запознаеме Христа е јазикот на кој што сме го изговориле првиот збор во нашите животи. Јазикот кој го разбираме и го зборуваме, а не јазикот за кој што некој и денес, откако пред милениум цел
Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот на лишување, на борба, откажување од својата волја, и жртва. И уште, Црквата на чедата свои, по економија им го дава најмалкуто од подвигот, а кога околностите и духовната зрелост на чедата ќе дозволат, ги подигнува границите на подвигот.
Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo нe e пoгoлeмo oд другoтo. Нo чoвeчкиoт разум, oддалeчeн oд Бoга, нe ја
Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.
Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл а нe прoрoкoт, и сeга Oн гoвoри, а нe нeкoј друг. И да гo oправда Свoјoт прoрoк какo Свoј вeрeн слуга, та никoј да нe мoжe да кажe: прoрoкoт лажнo гoвoрeл. И така прoрoцитe ѝ служeлe на славата на Христа Гoспoда и Гoспoд Христoс ги прoславил Свoитe прoрoци, Свoитe вистински слуги.
Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да не се лажеме самите себе со некакво „земно царство“. Секако, страдањата прифатени со смирение и благодарност кон Бог ќе ни ги донесат и утехата на Светиот Дух и предвкусот на Царството Небесно, уште сега и овде.
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.
























