логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

38.machenici1

Слепиот

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

Во денешното Евангелско четиво слушнавме како нашиот Спасител Господ Исус Христос минувал низ Палестина и поминал покрај еден многу значаен Израилски град, Ерихон. Самиот град е оддалечен околу 30 километри од Ерусалим, а од неговата друга страна, пак, започнува огромна пустина. Како што знаеме, Господ Христос, кога го проповедал светото Евангелие, покрај Неговите апостоли, Го следеле голем број луѓе. Така и овој пат, додека Он поминувал, покрај патот седел еден слеп човек кој викал: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!" (Лк. 18, 38). Овој човек, бивајќи слеп, не можел да Го види Господа со своите телесни очи, но, кога разбрал од другите дека е Исус Христос, Кој проповеда нова вера, лекува секакви болести, во својата душа почувствувал силна надеж дека е дојден денот на крајот на неговото слепило. Затоа, со горешти солзи и со силен глас викал по Господа Христа да се смилува над него. Народот како народ се обидувал да го замолчи, бидејќи им пречел со неговите извици, односно, им пречел во следењето на поуката којашто им ја кажувал Господ Христос. Но, нашиот Спасител, како срцевидец, се доближил до овој јаден и измачен човек и го прашал: „Што сакаш да ти направам? ... Господи, да прогледам! ... Прогледај! Верата твоја те спаси" (Лк. 18,41-42).
Преку овој настан Господ Христос не поучува за големината и за силата на верата во Бога. Овој човек, иако бил слеп, имал силна и непоколеблива вера во Господа Христа. Но и надеж во силата и моќта и во Неговата добрина. А, пак, Христос, да ја покаже Својата сила и добрина, најпрво проверува и барал од луѓето дали веруваат? Христос барал, како што и.денес од нас тоа го бара, цврста и непоколеблива вера. Онаму каде што тоа се манифестирало, Господ Христос секогаш правел чуда, лекувал болни, слепи, хроми, бесомачни, па дури и воскреснувал и умрени. Со други зборови, семето на верата е најцврст фундамент на нашата Христијанска црква.
Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа планина: »Премести се одовде таму«, и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно“ (Мт. 17, 20). Неспорно е дека денешната технологија и наука прават големи напредоци, па се преместуваат цели планини, се контролираат големи водни и највисоки возвишени небесни пространства. Но, пред сите тие големи успеси и достигнувања, на сите тие планови во животот, пред сите големи човечки дела постоела вера во успехот. На тој пат, кон сите тие големи достигнувања, луѓето често пати оделе напред, но и паѓале. Но, верата ги победила сите тешкотии и верата им дала поттик и надеж за сите тие успеси.
На патот кон своето морално и духовно усовршување секој човек треба да преброди многу тешкотии и препреки, и уште поголеми планини да премине за да ја оствари својата животна цел. Секој во себе потребно е да има семе на вера, а како крајна цел, победа на вистината, правдата и љубовта. Со други зборови, потребно е да се верува во чудо Божјо, па преку благодатта, да се оствари зацртаната цел, дури и во случај кога сите изгледи за успех изгледаат невозможни. Првично треба да се верува во Божјата помош, за да може човекот да верува и во самиот себе. Таа вера, всушност, е она синапово зрно, за коешто зборувал Спасителот, „Тоа. е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија“ (Мт. 13, 32).
Драги браќа и сестри, да се поучиме од денешното свето Евангелие. Тоа синапово зрно на нашата вера да го негуваме, да го поливаме, да го штитиме, за да може непречено да расте во нашата душа и срце. А ние, пак, со таа вера да живееме исправен, достоинствен и морален христијански живот за прослава на Бога. За афирмација на нашата света Православна црква и вера. Но, пред се, за спасение на нашите души.
Амин.

38.machenici1

Ереј Игор Острески
2021. лето Господово

38.machenici1

 Скопје, 6ти јуни 2021 лето Господово- храм на св.Јован Крстител

Друго:

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная