логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

38.machenici1

На Св. Кирил Солунски

✥ .✥
Ако поради пандемијата, лани, помен на гробот твој, свети Кириле, не направивме, ако поради новото нормално во мал број сме дошле денес, знаеш ти, мудар философе и просветителу наш, преку мудроста од Божјата премудрост тебе дарувана, дека почитта кон тебе ама ни малку не ни се намалила, ниту љубовта ни оладила.
А и како би, кога барем две букви, во најкраток збор соединети, од нас прочитани на тебе свети Кириле нѐ потсетуваат. Нѐ потсетуваат, зашто преку тие букви, од тебе нам дадени, сме се описмениле како народ и за Бога и на верата во Бога нѐ научиле. Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за да Го запознаеме Христа е јазикот на кој што сме го изговориле првиот збор во нашите животи. Јазикот кој го разбираме и го зборуваме, а не јазикот за кој што некој и денес, откако пред милениум цел ти ја разби тријазичната ерес, тврди дека е четвртиот во избраните.
Та, нели, токму поради таа заблуда за јазиците, ти до тука дојде и ереста пред папата ја разби? И нели, токму поради тоа твое дело за Христа слушна секој Словен на разбирлив јазик и поверува во Него? Нели, ова што денес на мојот македонски јазик пред гробот твој стоејќи молитвено ти се обраќам е плод на писменоста на која си ги научил моите претци? Стојам тука пред гробот твој и знам дека наместо да те радуваме со богатството на јазиците на кои ти се обраќаме, со нашите препирки чиј си и кому си му го оставил писмото и правото неразумно да го чува, те растажуваме.
Затоа, свети Кириле, те молам во светоста твоја, пред Бога стоејќи во Царството Небесно, моли Го Спасителот наш да нѐ потсети сите нас што спомен ти славиме, дека она што на братот наш му го правиме, Нему Му Го правиме. Та белким така омудрени, рака еден кон друг ќе си пружиме исправени во очи гледајќи се, наместо постојано наведнати да бидеме, едните - камен на сопнување пред ногата на братот да поставуваме, а другите - да се наведнуваме за тој камен од патот кон Него да го тргаме. Моли Го Бога тие камења наместо за препреки, за градење цркви и мостови да ги употребуваме.
Зашто Христос нѐ учеше дека по љубовта кон Него и љубовта кон ближниот ќе нѐ познае светот дека сме Негови, а не по тоа што, во надменоста своја, сила и услови еден кон друг ќе си поставуваме.
И пак ќе речам, премногу си голем, за ние малите по срце да те присвојуваме и љубоморно на другите право на чествување, како свој, да не им даваме.
И затоа, ете нѐ свети Кириле, пак пред твоите мошти и пред твојот гроб застанати, чест и слава да ти одадеме. Да ти заблагодариме за сите букви што си ни ги дал во азбука собрани, преку која ем на писменост се научивме, ем во Нашиот Бог - Живото Слово поверувавме.
Ти свети Кириле, во љубовта кон мудроста сфати дека најголема мудрост љубовта кон Христа е, и јаремот Негов на себе го зеде.
Измоли од Бога и за нас кои споменот твој го славиме мудрост, низ која Христа како љубов ќе Го препознаеме и ближниот низ љубовта охристовена ќе го љубиме.
Та така светот да нѐ познае дека Негови чеда сме, а ти дека наш просветител си ни.


Амин!
Во Рим 24.05.2021

 ✥ .✥

Избор од фб профил на

Otec Pimen

 

 Друго:


Тропар, глас 4
Како рамни по нарав на апостолите и учители на словенските страни, богомудри Кириле и Методие, молете Го Господарот на вселената, да ги утврди сите словенски народи во православие и едномислие, да го смири светот, и да ги спаси душите наши.
„Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?
Или Сонцето не свети за сите, исто така?
Зар не го дишеме воздухот сите еднакво?
Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви?
Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? “

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная